Ако сте решиле да ги оставите цигарите, или само размислувате за тоа, советите на стручњаците можат да ви помогнат за да истраете во тоа.

 

 

Не дозволувајте стравот да ве парализира

 

На секој пушач добро му е познат стравот од денот кога одредил да го започне животот без чадот од цигарите. До тој ден се изгледа можно и полн е со ентузијазам. Но, кога ќе наближи тој ден, тој се повеќе почнува да се сомнева во својата одлука. Тогаш почнува и да се премислува дали да почека до некој помалку стресен период, па пали уште една цигара и потонува во своето негирање дека не е никотински зависник. Потоа честопати си ветува на себе дека ќе престане да пуши од следната недела или следниот месец. Не дозволувајте стравот да ве сопре уште пред да тргнете. Истрајте во својата намера и згаснете ја последната цигара. Вие го можете тоа! Наградата која ве очекува вреди за трудот кој ќе го вложите.

Водете дневник

 

Размислете да водите дневник. На првата страница напишете список од причини зошто сакате да ги оставите цигарите. Направете табела со ,,за,, и ,,против,,, која ќе ви служи како инспирација во оние денови кога волјата за ослободување од никотинската зависност ќе ослабне. Човек очнува да верува во она кое постојано го повторува. Дневникот треба да ви ја зацврсти волјата и да ви пружи увид во напредокот кој го постигнувате секој ден.

 

Најдете поддршка

 

Важно е да постои некој кој искрено сака да успеете во таа намера. Ако немате никој, поддршка можете да добиете секогаш во советувалиштата за одвикнување од пушењето или на бројни интернет форуми.

 

Здрава храна при рака

 

Укинувањето на никотинот го става телото во шок. Иако хемикалиите од чадот од тутунот се многу штетни, нашето тело се навикнало на нив, па недостигот веднаш ќе се забележи. Ослободувањето од никотинот може да предизвика бројни непријатни симптоми, но ако водите сметка за своето тело и му го давате потребното гориво, полесно ќе се изборите со сите непријатности за време на одвикнувањето. Не внесувајте повеќе калории, од кои само ќе се чувтвувате забавени и ќе се дебелеете. Секогаш при рака имајте здрава храна.

 

Исфрлете ги отровите

 

Водата ќе ви помогне да ги исфрлите остатоците од отровите од организмот, но и да ја победите кризата за цигари. Кога телото има доволно течности, генерално ќе се чувствува подобро, што е голем плус кога минувате низ никотинска криза.

 

Победете го заморот

 

Кога сте уморни, желбата за цигари ќе биде поголема и ќе имате помалку сила да се изборите со неа. Важно е секоја вечер спиете по осум часа, а во текот на денот да дремнете ако е тоа потребно. Ако на почеток на процесот на одвикнување имате несоница, час-два пред да си легнете појдете на прошетка.

 

Движете се повеќе

 

Ако не се занимавате со некој спорт, добро би било да се определите за некој во кој ќе уживате, па ќе ви биде полесно да тренирате. Покрај тоа што симнуваат килограми, со вежбање се лачи ендорфин, хормон кој го поправа расположението. Најдобро е секој ден да одделувате барем по половина час за вежбање. Одењето е погодно за секого и е брзо и лесно решение кога ќе се јави желба да се запали цигара.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина