5 лесни вежби за рбетот
Вистинската вежба може да направи чуда со телото. Тоа ќе го почувствувате веќе по првите денови од вежбањето.
Ако сте едни од оние кои поради работата едноставно мора да седат по цел ден, тогаш вашиот рбет сигурно пати. Не очајувајте, туку веднаш дадете се во акција и направете се што можете да ја исправите нанесената штета од седењето на работното место. Сетете се дека ,,седењето е ново пушење,,.
Полу-мост
Легнете на грб и свиткајте ги нозете во колената, а рацете испружете ги покрај телото. Кревајте ги колковите високо додека не почувствувате затегнување на глутеусите и на задната ложа и исправете го рбетот. Направете по три серии од по 10 повторувања.
Истегнување
Застанете во положба како на сликата, свиткувајќи ја едната нога, а другата потпирајќи ја на кауч ако вежбата ја правите дома. Поместувајте ги колковите кон напред и полека кревајте го торзото, така што да почувствувате затегнување и полека менувајте ги нозете.
Задржано чучнување
Се што треба да направите е да се спуштите во заден степен на чучнување и така да останете со двете стапала цврсто на земјата. Испаравете ги рбетот и рамењата и останете колку што можете повеќе во оваа положба. Почувствувајте го затегнувањето на нозете, рбетот и вратот.
Нишање на нозете
Погледнете ги примерите и направете по 20 повторувања за секој вид и на секоја нога. Најдете нешто за што ќе се држите како баланс и почувствувајте го затегнувањето во задниот дел на рбетот и исправањето на лумбалниот дел.
Положба на куче
Ова е една од најдобрите вежби за јакнење на мускулите кои го држат рбетниот столб и која ќе ги исправи сите неправилности предизвикани од рутината. Подигајте ги нозете како на видеото под агол од 90 степени, a ако ви е тешко спуштете се на лактот од спротивната рака од онаа на која работите. Направете три серии од по 10 повторувања.