Здравата храна оди рака под рака со вежбањето, посебно ако се обидувате да ослабнете. Меѓутоа, некои таканаречени здрави намирници можат да бидат опасни за консумирање непосредно пред тренинг, како што се јаткастите плодови или намирниците богати со влакна.

 

Британскиот шампион во борење, Кит Мекнивен, верува дека многумина се впуштаат во фитнесот без предзнаења за постигнувањето најдобри резултати.

 

Личниот тренер и сопственик на “True Path Fitness-a” исто така нагласува дека е потребно да помине време за храната да се свари, во спротивно може да добиете грчеви или непријатност во текот на вежањето.

 

Она што го придвижува нашето тело може да има драматичен ефект врз успехот од тренингот, што значи дека е важно да се знае што се јаде, а што не, пред да се влезе во теретана.

 

Овие три намирници, колку и да се здрави, тие се најголем непријател на вашето тело, ако ги консумирате непосредно пред тренинг.

 

 

Се што е зачинето

 

Вежбањето треба да направи да се чувствувате како да можете да го освите светот, а не спротивно. Ако внесувате вкусна зачинета храна пред да почнете да вежбате, може да ризикувате да добиете сериозни грчеви. На зачините им треба могу време за да се сварат, па не е баш идеално да јадете вакви намирници кога веќе сте планирале да вежбате.

 

 

 

Намирници богати со влакна

 

Кога зборуваме за здрав начин на живот, намирниците богати со влакна се неизоставен дел. Тие можат да помогнат во регулирањето на телесната тежина и намалувањето на ризикот од срцеви заболувања. Но, храната како што е зеленчукот, овошјето и целите житарки потешко се варат во организмот.

 

Ова може да доведе до непријатно чувство за време на тренингот, што ќе влијае негативно на ефикасното вежбање и резултатите кои се постигнуваат со него.

 

Јаткасти плодови

 

Овие плодови се одлична храна, но нивната содржина на масти е особено висока. Маснотиите полека патуваат низ телото, што значи дека повеќе крв ќе дојде до гастроинтестиналниот тракт и црниот дроб кога ќе се обидете да ја сварите оваа храна. А, храната мора да се свари за да не дојде до грчеви или непријатности за време на тренингот.

Ако имате малку време, тогаш тоа нека биде пилешко и кафеав ориз или вкусен омлет. Или, само изедете една банана, која ќе ви ја даде потребната енергија.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина