Глутенот е навистина дел од секојдневицата, па понекогаш се чини речиси незамисливо да се направи оброк кој не го содржи во себе. Меѓутоа, за оние кои имаат целијакија тој е целосно забранет.

 

Безглутенската диета за овие луѓе најчесто подразбира создржување од консумирање било какви житарки, намирници кои посебно изобилуваат со глутен. Но, безглутенската исхрана не мора да значи дека мора да има целосно откажување од сите видови житарки. Ова се житарките кои воопшто не го содржат глутен во себе. Најдоброто од се е што лесно се подготвуваат и се многу вкусни и хранливи.

 

Амарант

 

Амарантот потекнува од Јужна Америка, а изобилува со влакна и витамин Ц. Одличен е за сите оние кои се борат со целијакијата, бидејќи делува позитивно на целиот дигестивен систем.

 

Хељда

 

Хељдата е традиционално селско јадење, широко присутно и кај нас. Изобилува со калциум и Б витамин. Има посебен полн и специфичен вкус, а најчесто се подготвува во облик на каша.

 

Пченка

 

Пченката и пченкарното брашно претставуваат богат извор на влакна, витамин Ц и витамин А. Ако боледувате од целијакија и се обидувате да ги обновите своите клетки и количините на витаминот А во телото, палентата е вистинското нешто за вас.

 

Просо

 

Просото е често маргинализирана житарка, која во модерно време не се користи толку многу. Меѓутоа, многу е хранлива и лесно сварлива, особено евтина и исплатлива. Изобилува со витамин Б и калиум. Исто така, просото може да ја регулира и pH вредноста во нашето тело и со тоа да помогне да се оддржи ацидо-базната рамнотежа во целиот организам.

 

Квиноа

 

Квиноата во поново време стана една од најпопуларните и најпознати житарки. Таа изобилува со железо и протеини, а посебно често ја користат оние кои не консумираат месо, ниту намирници од животинско потекло.

 

Зоб

 

Зобените снегулки претставуваат почеток на денот за голем број луѓе ширум светот. Зобот е многу богат со влакна и со протеини. По правило тој не содржи глутен, но во текот на обработката постои можност да се ,,зарази,, со глутен, па затоа побарајте производи на чијашто декларација пишува дека не содржат глутен.

 

Ориз

 

Оризот е глобално раширена житарка која се користи веќе со векови. Богата е со тиамин и не содржи глутен. Ако сакате избалансирано ниво на шеќерот во крвта, одлучете се за басамати ориз, кој телото подолго ќе го вари. За поголем уддел на влакна се препорачува интегралниот ориз (кафеав), кој се вари малку подолго од обичниот.

 

Кинеска шеќерна трска

 

Шеќерната трска е една од послабо познатите житарки, која важи исто така за безглутенска. Веројатно голем број луѓе не ни знае дека шеќерната трска може да се консумира како житарка. Многу тешко може да се најде во интегрален облик, но затоа брашното од шеќерната трска претставува одлична намирница за подготовка на разни пекарски производи кои се, секако – без глутен.

 

Теф

 

Тефот е намирница која е раширена во етиопската кујна. Тој изобилува со протеини, влакна и други нутритиенти. Некои дури го нарекуваат и супер жито, бидејќи содржи во себе за пет пати повеќе калциум, железо и калиум од сите останати житарки.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина