Постојат многу митови за вежбањето и често не знаеме во кој да веруваме, а кој треба да ги запоставиме. Важно е да обратите внимание на следниве:

 

Најдобро е да се вежба во утринските часови.

 

Неточно. Најдобро е да се вежба во време кога се чувствувате подготвени и полни со енергија. Тоа може да биде наутро или навечер пред легнување. Пронајдете време во денот кога се чувствувате најдобро и искористете го тоа време за квалитетен тренинг.

 

Најдобри вежби за мозокот се загатките и крстозборките.

 

Делумно точно. Иако ментаслните вежби служат за развој на мозокот, не треба да се запостават ниту физичките. Имено, фиизичката активност ја подобрува циркулацијата, го подига расположението, го подобруа помнењето и штити од деменција.

 

Во форма ќе бидете и по неколку недели паузирање.

 

За жал, не е точно. Повеќето луѓе го губат тонусот на мускулите по само 7 дена пауза од вежбањето. Дури и кога ќе ги постигнете посакуваните резултати, не се препорачува подолг одмор.

Трчањето на долги патеки покажува најдобри резултати.

 

Неточно. Истражувањата покажуваат дека оние кои трчаат покуса оддалеченост имаат иста здравствена состојба како и оние кои трчаат маратони. Освен тоа, полесните аеробни вежби како што е брзото одење се поздрави за телото и за зглобовите.

 

Енергетските пијалоци се одлични за хидратација на телото после тренинг.

 

Неточно. Енергетските пијалоци не содржат ништо повеќе освен вода и шеќер. Стручњаците предлагаат за време на тренингот да се пие обична вода, а по тренингот потрошената енергија да се враќа со храна преполна со протеини.

 

Трчањето на лента е поефикасно од трчањето на отворено.

 

Неточно.Трчањето на свеж воздух и на лента за трчање не се исти, дури и ако се трча истата далечина. Трчањето на ветар и свеж воздух посилно ги активира мускулите кои трошат и до 10% калории повеќе.

 

Потешките тренинзи предизвикуваат глад.

 

Неточно. Ако сте многу гладни после тренинг, значи дека нешто тргнало по лошо, затоа што вежбата треба да ја потисне гладта.

 

Јогата ослободува од болки во грбот.

 

Делумно точно. Јогата не може да ги излекува болките во грбот. Ако таа е предизвикана од мускулни проблеми, тогаш да. Истегнувањето и некои пози можат да ги опуштат мускулите и да ги ублажат болките. Меѓутоа, ако имате посериозни проблеми, како на пример ишијас, извесно време држете се подалеку од јогата.

 

Трчањето им штети на колената и на глуждовите.

 

Неточно. Според најновите истражувања, трчањето не им штети на нозете, туку ги прави посилни и помалку подложни на посериозни повреди.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина