Вежба за најсекси нозе
Во огромниот број вежби кои се прилагодени за одредени делови од телото и кои најчесто се практикуваат во теретана или со помош на личен тренер, се наоѓа и оваа. Дамите ќе ја обожаваат, бидејќи ќе им овозможи на што полесен начин да дојдат до фантастично обликувани бутови.
Ако стомачните мускули сте ги довеле до перфекција, на ред се рацете и нозете. Следува исчекорот. Ова не е вообичаената вежба на исчекор каква што веќе ја знаете, туку вежбава вклучува работење со двете нозе, па дури и на горниот дел од телото, каде рбетот мора да остане во колку што може порамна положба.
Заземете став во кој стоите, а потоа спуштајќи се во чучнување, една по друга нога полека свиткувајте ја, имитирајќи притоа исчекор наназад.
Видеото ќе ви го олесни правењето на оваа вежба. Гарантирано по некое време ќе имате нозе на кои сите ќе можат да ви позавидат. Ако сметате дека е се уште рано за обликување на бутовите, се лажете. Сега е вистинското време за да работите на себе, за да можете летото да го дочекате мирно и со перфектен изглед.