12 мали промени за поздрав живот
Не морате секоја минута од животот да ја посветите на здраво живеење. Понекогаш ќе биде доволна само една минута. Се што е потребно за усвојување на нови добри навики е малку креативност и подготвеност да ги направите секојпат каде што можете и во кое време можете. Многу нешта постојат кои можете да ги направите за своето здравје токму сега – тоа е затоа што дури и најситните промени (додавање здрави грицки или дополнителен планк) можат да ви помогнат да станете поздрави и посреќни отколку што сте сега. Еве кои се предлози можат да ви помогнат како најдобро да ги искористите миговите на ,,празно одење,, за здравствени бенефити.
Нанесете СПФ на ушите
Сте ставиле на лицето крема за заштита од сонце – сега ви се потребни три секунди да ја нанесете и на ушите. Истражувањата покажуваат дека нон-меланом ракот на кожа, кој се наоѓа на уѓите, е поагресивен, бидејќи овие тумори се поголеми и подлабоки од оние кои се појавуваат на лицето. Иако обично тие не се смртоносни, сепак можат да доведат до повреди на нервите и мускулите. Поради обликот на ушната школка и фактот што не можете да ги видите сите нејзини делови, може да биде тешко да се воочат сите нејзини промени кои би укажувале на рак на кожата.
Надоградете го своето смути
Покрај куркумата, која е честа состојка во смути напитоците, додадете во своето смути мелено семе од коријандер. Ова семе содржи мешавина од масла кои помагаат во смирување на варењето, ја ублажуваат надуеноста на стомакот и го рамнат. Користете четвртина чајна лажичка при едно сервирање.
Започнете нешто големо
Запрашајте се следново – кој мал чекор можам да го превземам сега за да можам да се приближам до еден од моите цели? Да кажеме, сакате редовно да вежбате. Можете да преземете некоја апликација за вежбање и да викнете некоја пријателка да ви се придружи на тренингот или можете со пријателите да договорите планинарење. Понекогаш почетокот е најтешкиот дел, па затоа тој прв чекор можете да го искористите како отскочна штица за воведување нови навики.
Извадете го забниот конец
Секако, ова е последното нешто кое сакате да ја правите на крајот од долгиот ден. Но, чистењето на забите со забен конец, покрај четкањето двапати дневно и посетата на стоматолог најмалку двапати годишно, е важно за отстранување на бактериите и за оддржување на забите и забното месо здрави. Дури може и да ви помогне да живеете подолго. Според едно истражување од 2011 година, кое опфаќало постари луѓе, оние од нив кои никогаш не користеле забен конец имале за 30% поголем ризик од смртност за време на траењето на студијата од оние кои имале дневна навика да ги чистат забите со забен конец.
Притиснете пауза
Пред да дојдете до попладневната ужина во облик на чоколада или да почнете да празните кесичка чипс, почекајте 25 секунди. Тоа може да биде доволно време да се наговорите самите себеси за поздрава варијанта. Јаткастите плодови се одличен избор: со додавање еден грст дневно во нашата исхрана може да се намали ризикот од дијабетес за 39%, на срцевите болести за 21% и на ракот за 15%, покажало истражувањето објавено во списанието BMC Medicine. Секогаш имајте ги при рака овие здрави опции на исхрана.
Направете планк (штица)
Оваа ултимативна фитнес положба цели на стомачните мускули и на мускулите во долниот дел на грбот. Може да помогне за одбегнување на повреди, бидејќи јакнењето на средиштето допринесува за стабилност на карлицата. Започнете со издржување (планк) од 20 секунди, додека не достигнете до една минута.
Истегнете го стресот
Имате еден од оние денови? Тогаш време е за јога позата куче, со лицето кон долу – оваа вежба за истегнување на целото тело посебно цели на мускулите на рамењата и грбот, кои имаат тенденција да го задржуваат стресот. Позата куче е една од позите од Поздрав на сонцето, но е корисна и сама за себе зашто смирува, намалува главоболки и болки во грбот и му помага на телото да се ослободи целосно од стресот.
Набавете некое растение
Освен што го прочистува воздухот и помага за подобро спиење, растенијата во домот воедно допринесуваат за чувството на среќа и за вашето ментално здравје. Грижењето за живо суштество може да помогне ако се чувствувате депресивно и осамнео, давајќи ви цел во животот.
Проверете ја ВЦ-шолјата
Откако сте извршиле мала или голема нужда, погледнете ја ВЦ-шолјата – вашата урина и измет можат да ви откријат многу за вашето здравје. Ако урината вие со темножолта боја, тоа е знак дека многу малку пиете вода (идеалната боја е бистра или многу светложолта). Розеникавата или црвеникава урина може да сигналиизра за инфекција на уринарниот тракт или за некој друг здравствен проблем, па затоа најдобро решение е да се појде веднаш кај вашиот доктор.
Обратете внимание и на трагите во изметот. Столицата која е тврда или тешко минлива знак е за запек – консумирањето доволна вода и најмалку 25 грама влакна дневно (навалете на овошје, зеленчук и житарки од цело зрно) ќе придонесат за правилно варење. Ако, пак, нуждите ви се многу меки или воденести, разговарајте со својот доктор, кој ќе сака да го исклучи постоењето на синдром на иритабилно црево. Црната столица може да укажува на крварење во гастроинтестиналниот тракт, што е уште една причина да се посети доктор.
Седете исправено
Исправеното седење, со добро држење (рамен рбет, рамења зафрлени наназад), им помага на оние кои имаат симптоми на депресија да се чувствуваат задоволни и помалку уморни, покажала неодамнешната студија објавена во списанието Journal of Behavior Therapy and Experimental Psychiatry. Некои други истражувања сугерираат дека доброто држење може да ја зголеми активноста на мозокот.
Дишете длабоко
Кога нештата ќе тргнат во непосакуван правец, дишете од стомакот. Бавните, длабоки дишења го намалуваат бројот на срцеви отчукувања, го снижуваат крвниот притисок и му испраќаат сигнали на телото да се опушти. Еве како да го направите тоа – вдишете низ нос, задржете го воздухот броејќи до три и издишете, гледајќи како стомакот се шири и се спушта со секој здив. Пет вакви вдишувања можат да помогнат да се ублажи напнатоста и потиштеноста.
Заменете ја кујнската крпа
Кујнските крпи се сметаат за највалканите предмети во кујната. Според истражувањето на Food Production Trends, речиси 90% од кујнските крпи содржеле колиформни бактерии (вид бактерии кои се наоѓаат во изметот), a 25% од нив содржеле E. Coli. За да одбегнете ширење на бактерии, секојдневно менувајте ги кујнските крпи.