Можеби ќе ви се чини дека извесна намирница или производ кој е добар за вашето тело е добар и за лицето, но сепак не е така. Кожата на лицето е потенка од останатата кожа на телото, па поради тоа бара малку повеќе нега и внимание. Некои делови од лицето – усните и делот околу очите – се најчувствителните и најнежните, бидејќи тука кожатае најтенка. Со овие делови треба посебно со големо внимание да се однесувате при примената на препарати за чистење и нега. Некои препарати се добри како решенија за моменталниот проблем, но не и за долготрајна употреба. Исто така, она што и годи на кожата на лицето кај еден човек, не мора да ви годи и вам, па дури и ако се работи за ист тип на кожа.

Сепак, постојат намирници и препарати кои никому не му годат и кои треба да се чуваат подалеку од кожата на лицето. Во продолжение погледнете кои се тие.

1. Алкохол

Знаеме дека втривањето алкохол има антибактериско дејство и дека покрај тоа што се користи за да одбегнеме разни инфекции, тој исто така има примена и во оддржувањето на хигиената дома. Кога го втриваме во кожата, се јавува чувство на благо пецкање, што ни кажува дека алкохолот делува. Сепак, како што не се препорачува втривање алкохол во косата поради исушување, тој исто така не треба да се употребува и на кожата на лицето. Тој е еден од најголемите исушувачи на кожата на лицето и е најштетен, бидејќи не ги уништува само бактериите, туку ги разорува и клетките на кожата. Затоа, при купување на гел за чистење на лицето или тоник, задолжително проверете дали содржи изопропил алкохол, затоа што тој ќе предизвика засилено лачење на маснотии и ќе доведе до затнување на порите.

2. Шеќер

Сите знаеме дека прекумерното консумирање на шеќер му штети на здравјето и на изгледот на кожата. Многу рецепти з апилинг го вклучуваат шеќерот. Да, тој ги отстранува мртвите клетки од кожата, но кристалите од шеќерот се прегруби за тенката и нежна кожа како онаа на лицето и затоа наместо шеќер најдобро е за пилинг да користите пченкарно брашно или сол.

3. Вазелин

Вазелинот ја чува влажноста, но без разлика на тоа тој не може на кожата да и ја даде неопходната влажност. Тој покрај влажноста ја задржува и нечистотијата. Кажано поинаку, тој не ја влажни кожата, туку ја чува веќе постоечката влага која се наоѓа во неа, а заедно со неа и оние лоши нешта кои се наоѓаат во неа и на неа, а тоа е непожелно.

4. Врела вода

Размислете два пати пред да го измиете лицето со врела вода. Таа ги разблажува природните масла на епидермисот и со тоа ја уништува бариерата која ја создаваат овие масла со цел да го спречат губењето на водата од кожата. Тоа значи дека врелата вода ја исушува кожата и таа станува погруба и понееластична. Млаката вода најдобро го оддржува природниот баланс на кожата, додека студената може да помогне во борбата против прекумерното лачење на маснотии.

5. Лимон

Ова овошје има пх вредност 2, што значи дека е многу кисело. Директната примена на сокот од лимон на кожата има тенденција да ја исуши и да предизвика иритаицја. Фототоксични се и цитрусните масла. Тоа значи дека ако по неговата примена се изложите на сонце, може да дојде до оштетувања налик на оние кои настануваат при изгореници предизвикани од хемиски средства. Препаратите кои се пх неутрални се најдобрите сојузници во зачувувањето на убавината на кожата.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина