Лековите поради својата содржина можат да помогнат при болки и воспаленија, но често предизвикуваат штети на другите места. Поради тоа многу подобро решение е да се послужите со природни лекови кои нема да ви наштетат, а сигурно некои од нив ги имате во кујната.

1. Кофеин

 

Ако сте претерале со вежбите и ве мачи воспаление на мускулите, кофеинот може да ви олесни. Два филџани кофеин дневно може да ја ублажи болката во мускулите за 48%.

 

2. Чај од камилица

 

Со векови ова лековито растение се користи за лекување стомачни тегоби, несоница и анкциозност. Таа може да ја ублажи болката поврзана со гихт, бидејќи влијае на намалување на воспалението.

 

 

3. Ѓумбир

 

Ако се зема секојдневно, може да помогне во намалување на болката во мускулите по вежбањето.

 

4. Масна риба (лосос и скуша)

 

Омега-2 масните киселини се природен лек против воспаленија, а маслата од некои риби можат да ја ублажат болката предизвикана од артритис. Болните од артритис треба да јадат две до три порции масна риба седмично или секојдневно да земате капсули со рибино масло.

 

5. Соја

 

Може да ги ублажи болките во колената предизвикани од остеоартритис. Се советува внесување 40 грама протеини на база на соино млеко или 40 грама соин протеин.

 

6. Вишни

 

Големо влијание на намалување на хроничните воспаленија одговорни за болката во зглобовите и болка предизвикана од артритис, имаат вишните. Се советуваат 200 милитри сок дневно или шолја свежи вишни.

 

 

7. Зелјест зеленчук

 

Брокула, карфиол, рукола и прокељ можат да влијаат на намалување на хроничната главоболка и мигрената.

8. Јаткасти плодови и семиња

 

Оние кои патат од мигрени имаат ниско ниво на магнезиум, кое можат да го регулираат со помош на семиња и јаткасти плодови. Се советува секојдневно да консумираат грст јаткасти плодови и семиња, но да одбегнуваат лешници. Оние жени кои имаат болни грчеви за време на ПМС исто така треба да го зголемат нивното консумирање.

 

9. Црвено месо

 

Богат е со витаминот Б12 и со коензимот Q10. Тоа помага во превенција на мигрената.

 

10. Цреши

 

Аспиринот е најпопуларниот лек за болка и воспаленија, а истражувањата покажуваат дека исто дејство на организмот имаат и црешите. Тоа е поради антоцијанинот, кој му ја дава црвената боја на ова овошје. Ова овошје дури за десет пати делува посилно на болките од аспиринот. Се советува при мигрени и воспаленија на зглобовите.

 

 

11. Куркума

 

Индискиот зачин кој се користи ово готвењето може да ублажи болка ако подготвите од него напиток во кој ќе додадете лимон и мед. Доволно е секое јадење да го зачините со малку куркума. Полесно ќе ги поднесувате упорните болки.

 

12. Целер

 

Целерот содржи во себе апигенин, кој е одличен за ублажување на цел спектар болки. Позиитвно влијае на здравјето на женските репродуктивни органи, бидејќи спречува рак на јајчниците и леукемија.

 

13. Лути пиперчиња

 

Феферонките имаат лековито дејство врз организмот, бидејќи содржат високо ниво на витамин Ц, витамин А и капсицин, кои влијаат на циркулацијата, ги намалуваат болките и воспаленијата.

 

 

14. Цимет

 

Се смета за природен антибиотик, а благодарение на салицилатот ја намалува температурата и ги намалува воспаленијата и болките. При силни главоболки, ставете цимет во силно црно кафе и испијте го.

 

15. Жалфија

 

Чајот од листови од ова растение се препорачува кај речиси сите видови болки. Се користи за лекување отоци, болни непца, забоболка, воспалено грло, менструални болки, болку во желудникот и при проблеми со варењето. Чајот од жалфија со мед отстранува болки во градите настанати како последица на настинка или воспаление на белите дробови.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина