10 вкусни и лесни идеи за појадок
Доколку е потребно појадокот подгответе го уште од вечерта,и не го напуштајте вашиот дом без да изедете илибарем понесете нешто здраво и вкусно.
Во утринските часови,брзо се подготвувате за работа и заборавате да го понесете со себе вашиот појадок.Можеби набрзина консумирате пециво или нешто друго од пекара.Или можеби сте меѓу оние кои за појадок јадат палачинки,јајца со колбасици или некое друго пржено месо?На жалост,кога зборуваме за здрав појадок, ниту една од горенаведените работи не спаѓа во оваа категорија. За жал, или немаме време за појадок или немаме многу здрави опции.
Најголем проблем е кога ќе заминете на работа без појадок, тоа значи дека ќе го започнете денот со празен желудник.Кога ќе почнете да работите, шеќерот во крвта е на многу ниско ниво.Резултатот е таковшто ви е потребен итенвнес на шеќер,што е обично лиснато тесто, кифла или нешто трето,што е исто така нездраво.
Доколку е потребно, подгответе го појадокотуште од вечерта и не излегувајте од дома пред да изедете нешто здраво и вкусно!
Ова е обично храната што се конзумира наутро
1.Претерано слатка храна или преполна со јаглехидрати – палачинки,тост,крофни,слатки пецива,пити,заблажени житарки, мафини (кои се во основа колачи) или чоколатца.
Јаглехидратите не се сами по себе проблем, но проблемот е тоа што во набројаните намирници се наоѓаат само јаглехидрати без грам протеини или здрави масти.На овој начин,ќе го започнете денот со голема количина на шеќер во крвта,кој телото брзо ќе го разгради, со што нездравоќе влијаете на крвната слика за време на целиот ден.
2. Претерано масна храна–пржени јајца, колбаси, сланина, намаз со пециво, омлет со сирење и слично.
Што ни преостанува?
Ни остануваат неколку добри опции.Суштината е во тоа да бараме храна со доволно протеини и помалку заситени масти. Кај јаглехидратите побарајте нешто направено од цели зрна (интегрално).Купувајте млеко со најмалку млечни масти или пак користете соино млеко.Влакната се исто така препорачливи.
Овесни снегулки, боровинки и бадеми
Ова е можеби совршениот појадок. Вистинските овесни снегулки се можеби најдобриот избор, но доколку ги немате, и оние инстант можат да ви послужат(немаат толку влакна, ноостанатите состојки тоа го надокнадуваат).Можете исто така да додате и малку цимет и мед доколку користите вистински овесни снегулки.Оваа храна е преполна со влакна,протеини и здрави масти,а готова е само за неколку минути.Навистина е вкусна.
Снегулки од целосни зрна со немасно млеко
На овој појадок можете да му додате и малку овошје доколку имате, а овој појадок ќе му обезбеди на организмот доволно влакна,протеини и мала количина на маснотии.
Тофу
Тофу е намирница поздрава и од јајцата, на која може да и додате и лук и кромид, феферонки, како и друг зеленчук,сос од соја, малку маслиново масло.Покрај тоа, подгответе си и еден интегрален тост.Брзо и вкусно.
Свежи бобинки и јогурт
Купете немасен (light) јогурт или јогурт од соја, нарендајте бобинки и додадете рака здрави интегрални снегулки.
Грејпфрут со интегрален тост и путер од бадем
Додадете малку шеќер на грејпфрутот и ќе добиете одличен вкусен појадок.Путерот од бадем е поздрав од останатите и содржи најмногу протеини.
Салата од свежо овошје
Малку јаболки, дињи,портокали, крушки, банани и грозје.Додате малку лимон или лимета.Совршено!
Протеински напиток со додатоци
Протеин во прав од соја би било совршено. Помешајте го со немасно млеко и додадете бобинки или овесни снегулки.
Јајца со пиперки
Јајцата на многумина им се омилен појадок.Белката од најздрава од целото јајце,но може да го изедете и целото јајце. Помешајте со малку маслиново масло и додајте пиперки,бибер,брокула и кромид. Ова одлично оди во комбинација со интегрален тост.
Свежо сирење и овошје
На свежото или посно сирење додадете само овошје по ваш избор (најдобро сезонско).Јаболкото и бобинките се идеални.
Ова се само неколку идеи за здрав појадок, а вие со вашата имагинација на овој принцип можете да осмислите и многу повеке. На здравје !




