Прехранбената индустрија има сериозно влијание врз плановите за останување витки. Добриот маркетинг може да не натера да поверуваме дека одредена храна е без масти и како таква дека е здрава за нас, но во повеќето случаи на тој начин компаниите само се обидуваат да остварат профит. Следниве намирници се само замаскирани под името здрава храна,,, иако вистината за тоа е сосема поинаква.

1.Немасен јогурт

Поголем број од неинформираните луѓе кога започнуваат некаква диета, односно процес на избалансиран режим на исхрана, веднаш посегнуваат по млечните намирници со натпис „0% масти”. Тука најпримамливо делува јогуртот. Неовото вклучување во диеталниот режим на исхрана, пред се, зависи од целта која се сака да се постигне. Но, ако посегнете по она на кое пишува ,,без масти,, а сакате да ослабнете, всушност ќе делувате негативно на тој процес. Проблемот кај немасните јогурти е во тоа што тие содржат шеќери. Кога ќе му се одземат мастите, тој нема никаков вкус, па затоа производителите овој недостиг на арома го компензираат со додавање големи количини шеќер. Покрај шеќери, му се додаваат и адитиви за згуснување, а овие вешачки додатоци воопшто не се доби за здравјето.

2. Сок без шеќер

Диеталните коли се нискокалорични, па луѓето мислат дека тоа е вистинскиот избор додека се на диета. Иако имаат мала содржина на калории, диеталните газирани сокови (zero кола) се преполни со хемикалии кои предизвикуваат чувство на надуесност во стомакот, главоболки, нои зголемен ризик од срцеви заболувања и други здравствени тегоби.оние кои секојдневно консумираат диетални газирани пијалоци често имаат зголемена потреба за слатки.

3. Немасен чипс од компири

Секој кој барем некогаш бил на диета знае какво е чувството кога му недостасува солениот вкус на крцкавиот чипс. Ако посегнете по него, fat-free варијантата не е добар избор. Немасните чипсови се произведуваат со замена за маст. Замената за маст се прави со додавање на јагленохидрати (малтодектрин, полидекстроза и т.н.), хемиски модифицирани масни киселини (Olestra) или протеини во производите наместо масти. Овие замени имаат помалку калории, но и понатаму влијаат на тоа храната да има добар вкус и текстура. Штетноста од овие алтернативни масти не е научно докажана, но сепак, многу луѓе се жалат на дигестивни проблеми, во смисла на лошо варење по консумирање на производот кој содржи замена за масти. Исто така, било забележано дека Олестра ниту се вари ниту се апсорбира и со самото тоа не испушта витамини А, Д, и Е, па во организмот доаѓа до недостиг на овие витамини. Во глобала, најдобро е да се одбегнува чипс во сите облици, затоа што тие само предизвикуваат нагло зголемување на шеќерот во крвта, а потоа доведуваат до нагло зголемување на апетитот, односно до глад. Наместо тоа, ако навистина сте голем љубител на чипсот, исецкајте неколку копири и сами испечете си ги.

 

4. Чоколада без шеќер

Самата оваа реченица звучи како нутритивна нирвана без ни малку грижа на совест, но вистината е дека најголем дел од чоколадите без шеќер (колку и да звучи ова лудо) содржат разни шќерни алкохоли. Кај некои луѓе овие алкохоли предизвикуваат гасови, надуеност, пролив и запек. Само поради тоа што чоколадата е без шеќер, не значи дека треба да се изеде цела. Таа и понатаму содржи калории и масти.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина