Ако веќе сте биле на диета, знаете дека постојат намирници кои се сметаат за здраво, но кои не се препорачуваат на оние кои сакаат да се ослободат од вишокот килограми. На пример, такви се намирниците кои се јадат за појадок.

 

Секоја храна со вишок шеќер, сол или заситени масти, по неколку часа од консумирањето ќе ве надуе и измори, додека во вечерните часови најчесто го тера организмот да јаде поголема количина храна.

 

Ова се неколку видови појадоци кои треба да се одбегнуваат, доколку сакате да ја доведете својата силуета во одлична форма.

 

 

Житарки

 

Многу од нив содржат многу шеќери, кои носат многу калории, а не нутритивна вредност. Шеќерните житарки можат да доведат до зголемување на шеќерот во крвта, а со оглед на тоа дека им недостасуваат важни протеини и влакна, ќе почувствувате глад веќе по еден час од јадењето. Ако наутро појадувате житарки, земете од оние кои содржат 10 грама шеќер или помалку, и одлучете се за оние од цело зрно, кои ќе ве држат подолго време сити.

 

 

Енергетски чоколатца

 

Луѓето автоматски претпоставуваат дека се здрави, но често тие имаат исти состојки како колачите, ако не и повеќе шеќери од нив. Внимателно читајте ги етикетите и одберете ги оние со 8 грама шеќер и помалку.

 

 

Сувомеснати производи

 

Внимавајте на преработеното месо, како што се сланините и колбасите. Стручњаците велат дека се преполни со натриум и заситени масти. Но, бидејќи белковините ни помагаат подолго да останеме сити, најдобро е да се јадат наутро.

 

 

Сок од портокали

 

Купечките сокови најчесто се преполни со шеќери и адитиви. Иако сокот од портокал наутро ќе ви даде енергија, таа исто така многу брзо и ќе исчезне. Подобро да се напиете една чаша сок од свежо исцедени портокали или да изедете неколку портокали.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина