Јадете бавно, џвакајте долго!
Секој залак треба да се изџвака 39 – 42 пати! Џвакањето е од пресудна важност за здравјето на организмот. Ја подготвува храната за варење и на телото му овозможува од намирниците да апсорбира се што му е потребно. Колку трае вашиот просечен оброк? Веројатно не сте обратиле внимание, па ќе ви кажеме: помеѓу три до шест минути. Огромен број луѓе јаде брзо, згрчено, лакомо, без да се концентрира на тоа што и како јаде, и со тоа на организмот му нанесува непоправлива штета. На телото му се потребна добро и темелно изџвакана храна, бидејќи тоа е единствениот начин за да ги добие сите состојки од неа. Старите јогини велеле дека течната храна треба да се џвака, а тврдата да се пие, затоа што процесот на апсорпција започнува уште во устата. Само онаа храна која е толку добро изџвакана, што на крајот можеме да ја испиеме, му ги дава на организмот оптималните состојки, а на системот за варење му ја олеснува работата.
Постојат разни теории за тоа колку долго треба да се џвака храната. Некои системи советуваат секое залче да се изџвака 39 пати, други – 42, но наместо броење, неспоредливо е позначајно и покорисно да се сконцентрирате на самиот процес на јадење, за време на оброците да не гледате телевизија, да не читате весник и да не водите деструктивни и агресивни разговори. Наместо тоа, опуштете се и уживајте во бавен, подолг оброк. Вашиот организам ќе ве награди повеќекратно за тоа.
Еве поради кои се причини треба да се јаде бавно, добро да се џвака храната, наместо набрзина да се голта:
Џвакањето ја разложува храната на помали делови (човековиот желудник не содржи сокови за варење на јагленохидратите, па резултатите од недоволно џвакање се проблеми со варењето и гасови)
Џвакањето го активира комплетниот систем за варење (панкреасот произведува повеќе сокови за варење, а црниот дроб повеќе жолчка)
Џвакањето го зголемува создавањето на плунка, што е неопходно за квалитетно варење
Џвакањето го подобрува вкусот на храната која ја јадеме (секој залак има три вкуса: почетен, среден и краен. Со внимателно џвакање можеме да ги почувствуваме сите овие три вкусови и да уживаме во нив. Вистинскиот вкус на храната е оној крајниот и најдобриот од сите три. Луѓето кои џвакаат подолго велат дека житарките се најдобри од сите кога станува збор за крајниот вкус. Многумина од нас не го знаат тоа, бидејќи никогаш не џвакаат доволно долго).
Џвакањето спречува да се прејадете (еден од најголемите проблеми е прејадувањето за време на оброк. Џвакањето е лек за претераниот и неконтролиран апетит).
Џвакањето го штити организмот од разни болести (најголем дел од здравствените проблеми настануваат како последица од недоодветното варење на храната, на која најчеси причини се голтањето големи парчиња храна). Храната така подолго се задржува во желудникот, каде ферментира и предизвикува лачење на киселини
Џвакањето ги јакне забите и вилицата
Џвакањето го подмладува целиот организам (нашиот метаболизам со тек на годините се забавува, но доколку џвакаме темелно, ги обновуваме процесите во организмот и така го правиме помлад и повитален).
Џвакањето го зголемува бројот на Т-клетките, кои се клучни за нашиот одбранбен систем