10 совети на Далај Лама за среќен живот
Простувањата и сочувствувањето со сите живи суштества се двата столба на учењето на Далај Лама, учење кое може да ви го промени животот од корен.
1. Бидете полни со сочувства
“Темата на сочувствување воопшто нема врска со религијата. Важно е да се знае дека сочувствувањето има врска со човечноста и дека тоа е, всушност, и прашање за опстанок на човештвото“, вели Далај Лама.
Совремните истражувања покажуваат дека чувствата кои ги имаме во миговите на сочувство со другите го претставуваат она исто задоволство кое не обзема и кога водиме љубов, уживаме во некоја добра храна или се опуштаме и одмораме. Тогаш во телото се случуваат процеси кои се благопријатни врз нашето здравје, го намалуваат стресот, срцевата работа станува правилна, имунолошкиот систем јакне. Како да покажете сочувство?
Потрудете се да ги разберете туѓите чувства и емоции. Разговарајте, прашувајте, трудете се да ги сфатите и да поделите се низ што минува вашиот соговорник.
2. Бидете љубезни пред сите и помагајте им
“Ова е моја едноставна религија. Тука не се потребни ни храмови, ни комплицирана филозофија. Нашиот мозок е храм, нашето срце е наш храм, а филозофијата е љубезноста,” вели Далај Лама.
За да се биде великодушен и љубезен треба толку малку, а носи толку многу среќа. По едно интересно истражување до тоа дошол Мајкл Нортон со колегите од Деловната школа на Харвард. Имено, волонтерите во експериментот можеле да бираат како ќе ги потрошат добиените пари: на себе или на други. Се покажало дека овие вториве биле – посреќни! Затоа, “бидете великодушни секојпат кога е тоа можно“, вели Далај Лама.
3. Пронајдете среќа
“Среќата е смисла на животот“, вели Далај Лама.
Она кое сите го сакаат на крајот, е да бидат среќни. Далај Лама вели дека постојано сме бомбардирани со упатства според кои мораме многу материјални нешта да поседуваме. Мал е бројот на пораките кои зборуваат за простување, сочувство, трпеливост, толеранција, љубезност. Тоа се вредностите кои треба да се на врвот на листата на приоритетите, за да може човекот вистински да биде среќен.
“Среќата не не чека, таа произлегува од нашето однесување“, вели Далај Лама.
4. Пронајдете внатрешен мир
Далај Лама советува секој ден да одвојуваме по малку време само за себе. Тоа време треба да го поминеме во размислување и ослободување од бес, љубомора, презир и замор. Наместо тоа, треба да се пронајдат места за оптимизам, благодарност, љубов и мир. Далај Лама вели дека вистински мирниот ум е извор на среќа и добро здравје.
5. Не правете им зло на другите
“Ако можете, помогнете им на другите; ако не можете да го направите тоа, барем немојте да им правите зло“, вели Далај Лама.
Ако почнете да лажете, озборувате и да ширите грди гласини, да ги малтретирате и искористувате другите, сета таа негативност ќе ви се врати како бумеранг. Ова се само примери за тоа како на другите им се прави зло.
6. Негувајте пријателства
Пријателствата не треба никогаш да ги потценувате. Во нив треба да вложувате и нежност и љубов, за да може приврзаноста и довербата да се развиваат. Вистинските пријателства никогаш нема да се ,,вртат,, околу парите или политиката. Факт е дека занемарувањето на пријателствата води кон осаменост, а тоа е еден од чекорите кон депресија во денешното општество.
7. Не и дозволувајте и на технологијата да управува со вашиот живот
Дали знаете дека Далај Лама има повеќе од осум милиони следбеници на друштвената мрежа Твитер? Иако и самиот им се восхитува на предностите кои ги пружаат друштвените мрежи, тој сепак предупредува на прекумерната употреба на истите од следниве причини:
– може да заземат главно место во вашиот живот – погледнете ги само луѓето во рестораните кои користат телефони
– кој е главен? Вие или технологијата?
– тоа е лоша замена за вистинското пријателство
– никако не придонесува за вашето сочувство
– ќе имате се помали интеракции со “вистински” луѓе
8. Не препирајте се, преговарајте
“Ненасилството е дијалог, користење јазик, човечки јазик. Дијалогот значи компромис – почитување на правата; постои вистинско решение за помирување. Не постои апсолутен победник, но ни губитник, се е пола – пола. Тоа е практично,,, вели Далај Лама.
Какво и несогласување да е во прашање, клучот е смирен и ненасилен дијалог. На овој начин се учи уметноста на компромисот, како и што навистина го предизвикало несогласувањето.
9. Бидете нежни кон Земјата
Со цел за сопствен опстанок, должни сме да дадеме се од себе за да ја зачуваме нашата планета. Да научиме да не рециклираме, да произведуваме алтернативна енергија.
10. Учете на сопствените грешки
“Kога ќе загубите, немојте да ј азагубит и поуката“, вели Далај Лама.
Кога нешто ќе тргне по зло, трудете се да откриете што бил проблемот. Можеби сте кажале нешто погрешно, можеби сте реагирале, а притоа не сте размислиле добро. Можеби сте испланирале нешто лошо, или не сте ни помислиле дека нешто лошо може да се случи. Затоа потрудете се со секој неуспех да научите по некоја лекција.


