8 совети за совршен задник
Женскиот задник е објект на машката страст и од таа причина многу жени сонуваат за совршен задник. И додека некои убави задници можат да и заблагодарат на генетиката, повеќето жени сепак мора да се посветат на поздрав начин на живот доколку сакаат да имаат цврст задник. Вежбањето и здравата исхрана се од суштинско значење ако сакате да имате убав задник.
Ако ова лето сакате на сите да им го покажете својот цврст задник тогаш е време и за тоа да се потрудите. Освен вежбањето и здравата исхрана, постојат одредени трикови со помош на кои вашиот задник ќе изгледа визуелно подобро, а ние ви откриваме за што се работи.
Трчајте
Иако трчањето можеби и не ви е омилена активност, тој е одличен начин за обликување на задникот. За почеток, изберете пократки рути и постепено зголемувајте ги. Ако имате прилика, трчајте во природа, во шума и слично, или пак по улица, доколку тоа повеќе ви одговара. Освен што ќе го обликувате задникот, со трчањето сигурно ќе изгубите и неколку килограми вишок, а и многу подобро ќе се чувствувате.
Носете корсет
Еден од начините да ја создадете лажната фигура на песочен часовник е да го намалите струкот . Со помош на корсет, тоа и не е така тешка задача. Со потесен струк , вашиот задник ќе изгледа убаво и заоблено. Значи, вовлечете го стомакот, ставете корсет и запаметете дека убавината понекогаш боли.
Правете чучњеви
Освен трчањето, одлична вежба за убав задник се чучњевите. Експертите велат дека за секси задник најдобра вежба се чучњевите, бидејќи ги активираат сите мускули во задникот и бутовите и се многу поефективни од другите вежби. Чучњевите можат да се прават во секое време и секаде. За почеток, можете да правите по дваесет чучњеви во серија и постепено зголемувате го нивниот број. Ако вашата работа вклучува долго седење, на паузата можете да правите чучњеви. Освен тоа што поволно ќе дејствувате врз обликувањето на задникот, вие и ќе се чувствувате подобро .
Носете долна облека со додаток за пополнет задник
Ако не можете да трчате, да внимавате на здравата исхрана, или да правите чучњеви (иако би требало доколку размислувате на долг рок ), тогаш може да се обидете со овој трик. Со долна облека со додаток за пополнет задник, вашиот задник ќе изгледа привлечно, а секако би требало да ги избегнувате тангите.
Носете високи потпетици
Мерилин Монро очигледно грешела кога пеела дека дијамантите се најдобрите пријатели на жената. Имено, високите потпетици се најдобар пријател на секоја жена која сонува за совршен задник. Високите потпетици визуелно ги издолжуваат нозете и на правилен начин ќе го нагласат вашиот задник.
Здраво хранете се
Веројатно веќе ви здосади постојаното повторување дека морате здраво да се исхранувате, но ако сакате да имате злабо и убаво обликувано тело, здравата исхрана е приоритет. Овошје, зеленчук, намирници богати со влакна и многу течности би требало да наоѓаат на вашето секојдневно мени.
Носете фармерки со џебови
Ако сакате да носите фармерки и сакате вашиот задник да изгледа секси во нив, треба да ги изберете оние со џебови. Џебовите треба да се наоѓаат таму каде што е најголем задникот . Ова е наједноставниот начин да изгледате одлично. Ако џебовите се премногу оддалечени еден од друг, тоа може да направи колковите да изгледаат пошироко, а ако се превисоки вашиот задник ќе изгледа рамен, а нозете ќе изгледаат пократки. Значи, следниот пат кога ќе купувате фармерки, обрнете внимание на задните џебови .
Имајте на ум дека иако генетиката не ви подарила онакви облини какви што би сакале, со доволно труд и упорност може да имате совршено тело, баш какво што посакувате.