Не можете да го издржите денот ако не се напиете три и повеќе филџани кафе? Тогаш време е да пронајдете нов извор на енергија. Уште утре испробајте го овој утрински трик кој трае само 90 секунди – гарантирано ќе ве воодушеви и ќе стане незаобиколен дел од вашата екојдневна рутина.

 

По утринското туширање, пред да излезете од туш кабината, направете го овој зајакнувачки хидротерапевтски трик.

 

  1. Наместете го тушот на постудено (колку најмногу можете да поднесете) и поевајте се со студена вода 30 секунди. На почеток, водата ќе ви биде неподносливо ледена, но брзо ќе се навикнете.
  2. Потоа наместете го тушот на топла вода и полевајте се со неа уште 30 секунди. Топлата вода ги шири капиларите, ја поттикнува циркулацијата и со самото тоа го стимулира целото тело.
  3. На крајот, ставете го тушот повторно на студена вода и полевајте се дополнителни 30 секунди. Не само што ќе бидете целосно разбудени и подготвени за сите предизвици во денот, туку овој метод ќе ви помогне за да бидете помалку под стрес, ќе го зајакнете имунитетот, ќе ја зголемите способноста на организмот за да согорува масти и ќе го подобри расположението.
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина