Зумба е фитнес програма која ја креирал Алберто “Бето” Перезво неговата родна Колумбија. Она што е интересно е тоа дека зумба програмата настанала сосема случајно. Всушност, само што пристигнал на еден од часовите аеробик кој тој ги водел, Бето сфатил дека заборавил да ја понесе вообичаената музика за вежбање.Импровизирајќи, извадил од својот ранец едно ЦД со латино музика.А денес, во 40 различни земји, постојат околу 25000 инструктори по Зумба.Тоа само покажува колку раширен е феноменот на Зумбa, а се проценува дека има околу 4.000.000 Зумба ентузијасти.

Zumba

Како изгледа Зумба?

Всушност, изведбата на Зумба е инспирарана од латино танците во комбинација со тренинг за издржливост во интервали. Идејата е напорна работа да се елиминира од вежбите и вежбањето да се направи забавно. Многу луѓе кои посетуваат часови по Зумба, забораваат дека воопшто вежбаат. Зумбата е одлична дисциплина за вежбање доколку сакате да ја намалите телесната тежина, бидејќи користи кардио вежби во комбинација со вежби за издржливост – а двете овие работи се клучни за губење на телесна маса и обликување на телото.

Отприлика, еден Зумба тренинг е во времетраење од околу 1 час и ги комбинира часовите на латино-танците како што се салса, мамбо, ча-ча, фламенко и румба.

Некои инструктори дури вклучија и стомачен танци хип-хоп, па така Зумбата доби еден вид интернационална нота, со оглед на тоа  дека секој инструктор си додава по некој свој чекор додека подучува за Зумба вежбањето.

zumba_1

 

Како да започнете да вежбате Зумба?

Можете да посетите часови по Зумба вежбање (во Македонија постојат лиценцирани инструктори и бројни фитнес центри кои нудат часови по Зумба) можете да гледате онлајн видео или пак да купите ДВД за вежбање дома – како и да е, секој начин е исправен.

Бенефити од вежбањето Зумба има многу, а дел од нив се:

-добивање на чуство на среќа и задоволство за време на вежбањето
не се чувствува интензивното вежбање со кое се доаѓа до губење на масните наслаги и ——-

-обликувањето на мускулите

-подобрување на координацијата на телото до крајни граници

-јака и видлива Анти-Стрес терапија

-трошење на голем број на калории во рамки од 500-1000 калории на 1 час

-лесна и нефрустрирачка околина за учење на нови движења во танците. Не сте ни свесни дека ќе знаете да танцувате по неколку часа зумба, а истото да го искористите во разни прилики кои ќе ви донесат дополнителни среќни моменти.

-добивање на позитивна слика за себе. Не само што ќе изгледате добро, туку и добро ќе се чуствувате 🙂

-опфаќање на сите групи на мускули во телото

-елиминирање на двете клучни причини за откажување од вежбањето: недостигот на време и здодевноста. За време на зумба часот, времето ќе помине брзо токму поради спротивниот ефект на здодевноста 🙂

-ќе запознаете нови луѓе и ќе стекнете нови пријатели

 

Луѓето кои веќе вежбаат, луѓето кои сакаат да ја намалат телесната тежина , како и инструктурите по Зумба се сложни во фактот дека ова е одличен начин да се забавувате додека губите килограми и станувате поздрав и порасположени. Па затоа, ви препорачуваме што побрзо да ја практикувате оваа интересна и забавна спортска дисциплина!

Тагови: Фитнес