Лекарите и експертите ширум светот, се согласуваат со фактот дека постои само еден чудесен лек за сите болести, но новото истражување на тема пробиотици, потврдува дека пробиотиците имаат навистина неверојатно дејство на здравјето на целото тело.

Истражувањето, чии резултати беа објавени во списанието “Brain”,”Behavior, и “Immunità”, открива дека пробиотиците не се само добри за здравјето на дигестивниот систем, исто така, може да го подобрат менталното здравје.

Научниците го проучувале  здравјето на 40 лица во период од 4 недели. Тие ги следеа нивните расположенија и ја мереа веројатноста за појава на депресија и ненадејни промени на расположението. Тие ги поделиле во две групи – една земала пробиотици,а другата плацебо.

Резултатите покажале дека испитаниците кои земале пробиотици, имале помал ризик од ненадејни промени на расположението и појава на негативни емоции, кога  не е се, онака како  што сакаат да биде.

Иако на научниците не им е се сосема јасно ,како пробиотиците се поврзани со менталните здравствени проблеми, но веруваат дека заслужни за оваа се добрите бактерии кои остануваат во дигестивниот систем, особено во слепото црево. Потоа доаѓа до ослободување на соединенијата кои го стимулираат доброто расположение.

probiotici

Исто така, во претходните истражувања се покажало дека пробиотиците го намалуваат хроничното воспаление во телото, и го стимулираат ослободувањето на токсините од телото. Здравјето на  дигестивниот систем директно влијае на менталното здравје.

Иако резултатите од ова прелиминарно истражување, покажуваат дека внесувањето на пробиотици може да го намали присуството на негативни мисли. За да би уживале во придобивките на пробиотиците, почнете да ги консумирате секојдневно.

Ја почитува здравата исхрана,посебно овошјето и зеленчукот,љубител на животни,верува во љубов,омилено место за живеење Париз