Британскиот нутриционист Рајнон Ламбер напоменува дека бананите, независно од тоа дали се зелени или многу зрели, се одличен извор на калиум и други хранливи материи. Се вели дека не може да се каже дека едниот вид е подобар од другиот, бидејќи секој си има свои предности, но и недостатоци ако луѓето имаат одредени здравствени тегоби.  Еве зошто некои луѓе ги бираат оние многу зрелите со кафеави точки, додека на другите помили им се оние зеленкастите:

 

Недоволно зрели банани

 

Тие содржат помалку шеќер, па оние кои имаат дијабетес треба да ги бираат токму нив. Имено, коку е бананата позрела, толку скробот во неа се претвора во шеќер. А, токму скробот е одговорен за подолго чувство на ситост.

 

  • Истражувањата сугерираат дека недоволно зрелите банани се состојат од 80% до 90% од јагленохидратите кои, како што созреваат бананите, се менуваат во слободни шеќери. Затоа е подобро луѓето кои патат од дијабетес да јадат помалку зрели банани – објаснила Рајнон Ламбер.

 

Многу зрели банани

 

Овие банани полесно се варат, па се затоа подобра опција за оние луѓе кои имаат проблем со дигестијата. Недоволно зрелите банани го содржат во себе споменатиот резистентен шеќер кои луѓето не можат да го сварат, иако може да биде добар како што се и добрите цревни бактерии. Тоа е вид на скробен материјал со кои се хранат бактериите. Кога отпорниот скроб се менува во прост шеќер, а бананата станува се позрела, варењето станува полесно.

 

Всушност, стручњаците велат дека колку што е бананата потемна, односно има повеќе темни точки, толку е поздрава за нашето тело, затоа што е богата со големи количини на витамините Б и Ц, калиум и антиоксиданси.

 

Целосно кафеави банани

 

Овие банани се преполни со антиоксиданси. Кога бананите се речиси целосно кафеави или целосно кафеави, тие во основа се преполни со шеќерот кој настанал од скробот. Послатки се и многумина тогаш ги користат во разни колачи. И хлорофилот во нив попримил нов облик.

 

Токму ова разградување на хлорофилот е причината зошто нивото на антиоксидансите се зголемува кога бананите се постари. Значи, целосно кафеави банани претставуваат една антиоксидантна електрана.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина