Во Кина се однесуваат кон човековото тело поинаку отколку на Запад, па и кон слабеењето имаат поинаков пристап. Основен принцип во кинеското слабеење е дека цревата треба да се исчистат за да можат подобро да ја асимилираат храната што ќе се изеде, што значи дека ќе треба помалку да јадете за да бидете сити.

Кинеската диета е исклучително популарна за брзо губење на вишокот килограми, а со неа можете да ослабнете и до пет килограми за само седум дена. Кинескиот систем на исхрана доведува до губење на тежината поради фактот што го ограничува внесувањето на дневни калории на 800 до 1.000. Покрај тоа, менито се состои од многу течности: минерална вода, зелен чај и свежи овошни сокови. Се јаде само свеж зеленчук, овошје, ориз, ржан леб и риба.

Но, оваа диета има и значајни недостатоци: дневното внесување на калории е ниско за да може да држи една ваква диета подолг временски период. Ако ја применувате оваа диета подолго ќе почувствувате замор, пад на енергијата и промена на расположението. Затоа се препорачува да се држи на секои шест месеци. Ваквиот режим на исхрана е погоден само за целосно здрави луѓе, затоа пред да се решите на оваа диета треба да се консултирате со својот доктор.

За време на Кинеската диета треба да ги елиминирате сите слатки од исхраната и производите од брашно, животински масти, алкохол и кафе. Исто така, неопходно е да се намали внеувањето на сол и зачини.

ДЕН 1:

– Појадок: 150 гр. свежа зелка, 200 мл. минерална вода,
– Ручек: 4 лажици варен ориз, 150 гр. салата од рендани моркови и маслиново масло, 200 мл. кисела вода
– Вечера: 150 гр. варена риба, мало парче ржан леб, неколку листови зелена салата, 200 мл. зелен чај

ДЕН 2:

– Појадок: 150 гр, салата од моркови со маслиново масло, 1 тост ржан леб, 200 мл. кисела вода,
– Ручек: 200 гр. салата од моркови, зелка, зелена салата, целер, парче ржан леб, 200 мл. свежо исцеден сок од јаболки без шеќер.
– Вечера: 100 гр. варен ориз, листови зелена салата, половина грејпфрут, 200 мл. минерална вода

ДЕН 3:

– Појадок: 200 гр. салата од јаболки, круши, портокали, банани, 200 мл. свежо исцеден сок од портокали без шеќер
– Ручек: 250 гр. варени шпаргли, 150 гр. салата од зелка со сок од лимон, парче ржан леб, 200 мл. минерална вода
– Вечера: 250 гр. динстани печурки (без масло), 1 мал варен компир, 200 мл. минерална вода

ДЕН 4:

– Појадок: јаболки, портокали, парче ржан леб, 200 мл. свежо исцеден сок од портокали без шеќер
– Ручек: 300 гр. варени шпаргли со ориз и босилек, 1 јаболка, парче ржан леб, 200 мл. минерална вода
– Вечера: 200 гр. варена риба, 2 мали варени компири, парче ржан леб, 200 мл. зелен чај

ДЕН 5:

– Појадок: 150 гр. каша од ориз варена во вода, 200 мл. кисела вода
– Ручек: 200 гр. салата од зелка, парче ржан леб, 200 мл. кисела вода
– Вечера: 200 гр. салата од зелка, моркови, зелена салата и маслиново масло, парче ржан леб, 200 мл. минерална вода.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина