Повеќето луѓе знаат дека брзата храна не е здрава. Знаеме дека таквата исхрана е поврзана со проблеми со срцето, висок крвен притисок и многу други здравствени проблеми. Можеби сте известени и дека истражувањата направени неодамна покажуваат дека брзата храна е поврзана и со зголемување на депресијата. Но, зошто и понатаму ја конзумираме кога знаеме колку му штети на нашето здравје?

Зошто ја сакаме брзата храна

Стивен  Витерли е научник кој 20 дена истражувал зошто одреден вид храна ни е подраг (и повкусен, секако) од друг вид. Кога јадеме вкусна храна, два фактори се здружуваат и прават да чувствуваме задоволство поради тоа.

Првиот фактор е самиот вкус на храната и нејзиниот мирис .

Компаниите кои се занимаваат со производство на храна трошат милиони за да откријат кој вкус најмногу им се допаѓа на потрошувачите, а потоа работат на тоа да создадат таков вкус. Кога јадеме ваква храна , мозокот убаво реагира на нејзе и ние се чувствуваме пријатно. Друг фактор се хранливите материи кои се наоѓаат во храната – мешавина од протеини, масти и јаглехидрати.

Кога станува збор за брзата храна, производителите го бараат совршениот сооднос на сол, шеќер и масти кои ќе го возбудат вашиот мозок и ќе го предизвикаат да посака уште од тој вид храна .

nezdravahrana_naslovna

Како науката прави да копнееме за одредени видови на храна?

Постојат многу начини на кои науката успева да не направи зависни од одредени видови на храна.

 Динамички контраст

Динамички контраст е термин за комбинирање на различни чувства во иста храна .Храната која има динамичен контраст, на пример, е храна  која содржи нешто крцкаво и нешто меко и кремасто.  Крем Бруле и пица се примери за ваков вид на храна. Мозокот се разбудува откако ќе јадете нешто вакво, бидејќи секогаш има впечаток дека јадете нешто ново.

Лачење на плунка во устата

Лачењето на плунката  е дел од процесот на јадење, а колку повеќе одредена храна предизвикува лачење на плунката, толкуповеќе се надразнува сетилото за вкус. Путер , чоколадо, преливи за салати, сладолед и мајонез предизвикуваат зголемена секреција на плунка и создаваат подобро чувство за вкус. Ова е една од причините зошто толку многу луѓе уживаат во храната која е прелиена со сос или глазура.

Топење на храната во устата

Храната која брзо се топи и се распаѓа во устата испраќа сигнал до мозокот дека не сме сити доволно , дури и ако веќе сме изеле премногу . Затоа, многумина се прејадуваат кога јадат брза храна.

nezdrava hrana

Одговор на одредени рецептори

Мозокот сака разновидност. Кога станува збор за храната, доколку ја јадете истата храна често, со текот на времето ќе престанете да уживате во нејзиниот вкус. Со други зборови , чувствителноста на одредени  рецептори со текот на време ќе се намали. Брзата храна , од друга страна, е направена за да се избегне ова. Таа обезбедува доволно вкусови  за да му биде интересна на мозокот. Поради ова, може да изедете цела кеса чипс и ќе посакате уште една.

Густина на калориите

Брзата храна е создадена така  да го убеди вашиот мозокот дека телото добива хранливи материи, но всушност вие не се чувствувате сити.  Рецепторите во стомакот и устата на му испраќаат на мозокот сигнали дека мешавината на протеини, масти и јаглехидрати е добра. Брзата храна обезбедува многу калории и затоа мозокот има впечаток дека оваа храна ќе обезбеди доволно енергија. Сепак, во нејзе нема онолку многу калории како што мислиме дека и заради тоа ни требаат уште додека не бидеме сити .

Сетете се на претходниот пат јадевте . Кога ќе јадете нешто вкусно , вашиот мозок го памти тоа чувство. Следниот пат кога ќе ја видите оваа храна, ќе го почувствувате нејзиниот мирис, или дури само ќе ја видите на слика , мозокот почнува да се сеќава на тоа како сте се чувствувале додека сте ја јаделе. Овие сеќавања , дури може да предизвикаат и лачење на плунка , покрај самата желба да ја вкусите оваа храна повторно.

 Како да ја отфрлите брзата храна од исхраната и да започнете здраво да се исхранувате?

Истражувањата покажуваат дека колку помалку брза храна јадете, толку помалку сакате да ја  јадете. Доколку пронајдете начин поздраво да се храните , се помалку ќе сакате да јадете брза храна. Следниве три стратегии можеби ќе ви бидат од помош.

1) Користете ја стратегијата ” надворешниот прстен ” и ” правилото на пет состојки ” кога купувате храна

Не купувајте обработена и конзервирана храна. Доколку не ја купувате, нема ни да ја јадете. Не можете да спречите да мислите на нејзе, но можете да спречите да не ја купувате.Исто така, можете да ја користите ” стратегија на надворешниот прстен”, што значи своето движење по супермаркетот да го ограничите на надворешниот круг (каде по правило е поздравата храна- овошје, зеленчук, јајца, месо и слично), а да го избегнете средишниот дел каде по правило се наоѓаат рафтовите со нездрава храна (чипс, разни грицки, чоколади, слатки ). Можете да го следите и”правилото на пет состојки” при купување храна. Тоа значи дека ако нешто има повеќе од 5 состојки во него , не го купувате.

  2 ) Јадете разновидна храна

Погоре веќе рековме дека мозокот сака нови работи. Иако не можете да ја замените брзата храна што ја сакате,  може да започнете разновидно да се храните со цел на мозокот да му биде поинтересно и помалку да бара храна.

3 ) Најдете подобар начин за да се справите со стресот

 Има причина заради која луѓето  јадат за да се изборат со стресот. Стресот предизвикува лачење на одредени хемикалии во мозокот кои се слични на оние хемикалии кои предизвикуваат глад за шеќер и масти. Со други зборови, кога сте под стрес , мозокот има зголемена желба за масти и шеќери и ве поттикнува да јадете брза храна.
Најдете начин да се изборите со стресот. Медитирајте, вежбајте,  сликајте , цртајте, пишувајте, правете било што што ќе ви помогне да се опуштите.