Долготрајното земање на шеќер влијае на зголемување на зависноста од него. Тоа значи дека со тек на време овие луѓе се приморани да внесуваат се повеќе шеќер за да постигнат ист степен на задоволство, односно за да одбегнат поблаг облик на депресија. Исто така, истражувачите, во одделна студија, заклучиле дека долготрајното консумирање на шеќери може да доведе до нарушување во исхраната и во однесувањето. Професор Селена Бартлет, невролог од Институтот за здравје и биомедицински иновации од Квинсленд, вели дека истражувањето покажало дека зависниците од шеќери треба да се лекуваат со истите лекови кои се користат при никотинска зависност!?

Зголемениот внос на преработени шеќери докажано директно влијае на зголемување на телесната тежина и нивото на допамин: влијае на центарот на задоволство и наградување во мозокот на сличен начин на кој тоа го прават цигарите, кокаинот и морфиумот. Експерименти спроведени над животни покажале дека оние кои редовно консумирале преработен шеќер, подоцна биле посклони на прејадување и се соочувале со негативни невролошки и психијатриски последици врз расположението и мотивацијата. Студијата има откриено и дека лековите за лекување никотинска зависност, кои ги пропишува ФДА, Американската агенција за храна и лекови, можат да се користат во намалување на желбата за слатки.

Како и кај одвикнувањето од останатите психоактивни супстанции, наглото прекинување на земањето шеќер може да предизвика нерамнотежа во нивото на допаминот. Тоа, пак, може да биде проследено со кризи слични на оние при нагло прекинување на земањето дрога. Ова истражување е во спротивност со студијата која ја имаат спроведено истражувачите од Универзитетот во Единбург пред две години. Во таа студија се наведува дека зависноста од шеќер не е биоемиска, туку психолошка зависност слична со коцкањето. Научниците кои ја изработиле и ја објавиле во списанието Neuroscience and Biobehavioral Reviews, велат дека не можеле да пронајдат ниту еден доказа дека луѓето можат да бидат зависни од било која супстанција во храната.

Доктор Џон Мензес, истражувач од центарот за интегративна психологија на Единбуршкиот универзитет, вели:

Луѓето бараат рационално објаснување за својата прекумерна тежина, а за тоа е најлесно да се обвини храната.

Од друга страна, нутриционистите советуваат дека земањето протеини е еден од начините за да ја ,,измамите,, желбата за слатки. Храната богата со протеини побавно се вари, па не прави подолго време да бидеме сити. Протеините не делуваат на брзото зголемување на шеќерот во крвта, како што тоа го прават јагленохидратите и шеќерите. Кога бирате протеини, бирајте здрави – мешунки, јаткасти плодови, јајца, јогурт со мал процент на масти. Исто така, и намирниците богати со влакна прават да бидеме подолго време сити. Таквата храна ни дава повеќе енергија и не го подига нивото на шеќер во крвта, па не се чувствува глад веднаш по јадењето.

  • Препорачаната дневна доза шеќер, според Американското здружение за срцеви болести, е шест супени лажици дневно за жени и девет за мажи.
  • Половина од Американците пијат најмалку по еден газиран пијалок дневно. А, со тоа се внесуваат 25 килограми шеќер.
  • Прекумерното внесување на шеќери се поврзува со настанокот на многу болести срцеви заболувања, хипертензија, рак, депресија, дијабетес тип 2.
  • 67% од шеќерот потекнува од храната, а 33% од пијалоците.
  •  Шеќер има и во намирници во кои не се ни очекува дека ќе го има во кечапот, крекерите, јогуртот и путерот од кикиритки.
  • МОЗОК. Шеќерот влијае на хемиските процеси во мозокот. Исхраната богата со индустриски шеќер го зголемува ризикот од депресија за 58%.
  • КОЖА. Прекумерното внесување на шеќери предизвикува стареење на кожата и појава на брчки.
  • ГЕНИТАЛНИ ОРГАНИ. Премногу шеќер ја влошува циркулацијата, што доведува до зголемување на ризикот од еректилна дисфункција кај мажите и намалување на либидото кај жените.
  • СРЦЕ. Шеќерот предизвикува воспаление во срцевите артерии, ги задебелува, зголемувајќи го ризикот од настанок на инфаркт.
  • БУБРЕЗИ. Големи количини шеќер во телото ги оптоваруваат бубрезите како главни филтери. Дијабетисот е една од последиците на ослабната работа на бубрезите.
  • ЗГЛОБОВИ. “Предозирањетосо шеќер доведува до зголемување на нивоата на цитокин во циркулацијата, што може да го влоши артритисот.
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина