Многу е тешко да се избориме со нашата еволутивна желба за шеќери кога околу нас имаме толку многу убави слатки работи кои постојано не мамат од рекламите.

Овошјето може да помогне во одвикнувањето од шеќерот. Повеќето овошја содржат фруктоза и гликоза во речиси подеднакви соодноси, но тие исто така имаат влакна (кои не држат сити) и нутриенти. Освен тоа, овошјето е саморегулатор: треба да изедеме повеќе од четири мали јаболки за да внесеме 65 грама шеќер, кој ќе го добиеме од една лименка газиран сок.

Вештачките засладувачи можеби се чинат како одлично решение, но на нив подобро е да се гледа како на привремена замена. Некои кои ги заменуваат обичните кока-кола пијалоци со диетални пијалоци можат да ослабнат. Една студија од 2012 година, направена на Универзитетот во Северна Каролина, САД, открила дека кога предебелите луѓе ќе ја направат оваа замена, губат околу 5 килограми за шест месеци. Сепак, едно друго истражување на УТ Здравствениот научен центар во Сан Антонио, Тексас, САД, вели дека пиењето диетални пијалоци може да го зголеми обемот на половината.

Уште еден фактор: Замените за шеќерите можат илјадници пати да бидат послатки од самиот шеќер. Истражувачите веруваат дека нивното консумирање делува на апетитот и не тера да копнееме по слатки. Сузан Свитерс, доктор и професор невролог по бихејвиоризам на Пердју Универзитетот, во 2008 година откриле дека стаорците кои консумирале вештачки засладувачи консумирале повеќе калории и натрупале повеќе масти од оние стаорци кои јаделе храна засладена со сахароза.

Животните, вклучувајќи ги и луѓето, вообичаено го завршуваат оброкот многу пред пред да ги сварат сите нутритиенти,” вели таа. “Тоа значи дека тие користат знаци за да предвидат колку всушност изеле и кога да престанат.” Еден од тие знаци е и вкусот на слатко во устата.

Вештачките засладувачи можат да ги попречат сигналите кои ни кажуваат да престанеме да јадеме. Ако сакате да ги намалите калориите, во тоа можат да помогнат диеталните пијалоци,” вели Авена.
Секој биохемичар може да потврди дека ХФЦС е буквално идентичен со сахарозата. Тој постои во две формули: едната е онаа со 42% фруктоза, а другата е онаа со 55% фруктоза. ,,За нашето тело, тие се речиси исти како и обичниот шеќер,, вели Мерион Нестле, професот по нутриционизам на Универзитетот во Њујорк, САД. “Поради тоа што ХФЦС и сахарозата се и фруктоза и гликоза, не постои причина да се мисли дека ХФЦС би бил поинаку метаболизиран.”

Хипотезата ХФЦС имала смисла кога била претставена во 2002 година од страна на Џорџ Бреј, професор кој ја студирал дебелината на Биомедицинскиот истражувачки центар во Пенингтон, САД. Во 1970 година, неколку години откако бил претставен во намирниците во САД, ХФЦС претставувал помалку од 1% од сите калориски засладувачи кои се консумирале во земјата. Произведувачите на храна го обожавале: Останувал стабилен и чинел за околу половина помалку од сахарозата. До 2000 година, неговата употреба била 42% во сите калориски засладувачи на пазарот. Случајно (или не?), стапките на дебелина во САД се искачиле од 13% во 1960 година на 31% до 2000 година.

Но, некои научници се уште ја испитуваат поврзаноста на ХФЦС со дебелината. Американската медицинска Советот на Американската медицинска асоцијација за наука и јавно здравје извеле голема анализа во 2009 година и заклучиле дека неверојатно е дека високо-фруктозниот сируп ( ХФЦС) придонесува за дебелеењето повеќе од сахарозата. Набрзо потоа, доктор Брај го сменил своето мислење: “Станува се појасно дека фруктозата и во високо-фруктозниот сируп и во сахарозата, плус додадените калории, се виновниците за дебелеењето.”

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина