Чистењето на јазикот е древен ајурведски метод, кој денес станува се популарен, бидејќи ефикасно го лекува непријатниот здив од устата. Меѓутоа овој метод има и други бенефити за здравјето и може да биде важен елемент на нашата програма за чистење на организмот. Додека спиеме, нашето тело е зафатено со исфрлање на токсините од организмот. Јазикот е еден од органите преку кој телото ги елиминира токсините од дигестивниот тракт. Дел од тие токсини се манифестира во вид на бели наслојки на јазикот. Со нежно стругање на јазикот секое утро, можат да се исчистат тие токсини и на тој начин да се ослободиме од непријатниот здив од устата.

Бенефити од чистењето на јазикот

Ајурведското чистење на јазикот се нарекува јива содана и се практикува во Индија стотици години. Индијците овој ритуал го сметаат за неопходен за одржување на здрави заби и за здрава усна шуплина. Неговото редовно чистење ги отстранува белите наслојки, го подобрува сетилото за вкус, го остранува непријатниот здив од устата и го штити здравјето на забите и усната шуплина. Белиот тнок слој на нашиот јазик означува дека на него живејат милиони бактерии. Чистењето на јазикот им се препорачува на оние кои боледуваат од чести инфекции на увото, грлото и носот. Чистењето на јазикот ги остранува бактериите кои се размножуваат на него и на тој начин спречува понатамошно ширење на инфекцијата.

Со одржувањето на чист јазик исто така се нормализира и варењето. Ајурведа смета дека процесот на варење започнува во устата, кога плунката се меша со храната и почнува да ја разградува.

Чистачот за јазикот може да биде изработен од злато, сребро, бакар, месинг или нерѓосувачки челик. Во последно време се имаат појавено и пластични чистачи за јазик. А, тој може да се чисти дури и со обична лажица. Исплазете го јазикот нанадвор, фатете го чистачот за јазик од двете страни и со него посегнете до самиот корен од јазикот. Стружете го јазикот од назад кон напред 4-5 пати. Секојпат измијте ја белата слуз од него. Кога ќе завршите, добро измијте ја устата. Оваа постапка правете ја секое утро по будењето.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина