Су Џок (или Јок) методот на лекување е дел од големо филозофско и алтернативно поле на делување познато под името ОННУРИ медицина. Таа е релативно млада наука, која настанала пред околу 30 години во Кореја, на темелите на древните источни методи на лекување, а се базира на теориите на проток на енергиите низ човековото тело и целиот Универзум (јинг-јанг поделбата, источната филозофија, египетските пирамиди и на тризворниот и дијамантски енергетски систем). Нејзин творец е професорот Пак Че Ву, кој има отворено Меѓународен Су Џок институт во Сеул, Јужна Кореја. Преведено, името на оваа наука знаци ,,цел свет,, или ,,она што е за секого,,. Се применува за третирање на рацете, нозете и носот кај пациентот, односно дланките и стапалата, бидејќи значењето на Су Џок е Су – рака, а Џок – стапало.

Сите органи и меридијански токови во телото се наоѓаат и на дланките и на стапалата, така што лесно можеме да ја пронајдеме болната точка која е аналогна на местото на телото кое страда и потоа се врши соодветна терапија врз него. Методот е безопасен и децата многу го сакаат, бидејќи се користат бои, семки, магнети… и е многу креативно за нив. Дланките, стапалата, носот, ушната школка и черепот всушност го претставуваат микрокосмосот на целиот организам. Тие се како далечински управувач од телевизор, на кој можеме да ги менуваме програмите така што со притискање или убод со иглички испраќаме вистинска програма (импулс), преку церебралниот центар, за да дојде до исцелување на болното место.
При изведувањето на Су Џок терапијата се користат дијагностички стапчиња со разни облици и големини, ролери, еластични прстени за масажа, магнети, микро магнети, чакра магнети, магнети С-Н, медицинска Су Џок лампа, семки, иглички и многу други природни материјали.
Во споредба со другите методи кои ни доаѓаат од истокот, оваа е млада, ефикасна, апсолутно нештетна и методолошки универзална терапија. Самата терапија има големи сличности со класичната кинеска акупунктура, бидејќи во терапијата се користат акупунктурни иглички, но се малку помали од класичните игли, само што не се третира целото тело на пациентот, туку само дланките и стапалата. Оваа терапија постигнува исклучителни резултати кај одредени видови болести, како акутни, така и хронични, па во комбинација со другите гранки и акупунктурни методи ги доведуваат пациентите до излекување.

Ефикасноста од Су Џок

Потврдите за ефикасноста на оваа терапија доаѓаат од цел свет, како од индивидуалните практичари на Су Џок терапии, така и од медицинските институции кои вршеле истражувања според општо прифатените стандарди за медицинските истражувања. Оваа терапија се покажала ефикасна во лекување на болести на рбетниот столб и зглобовите, мигрени, невралгија, хронични воспаленија на синусите и увото, болести на мочниот меур, гинеколошки проблеми, хроничен замор, пад на имунитетот, депресивност, лошо расположение и уште многу здравствени проблеми. Најголем број од истражувањата биле вршени во земјите на поранешниот СССР, а резултатите од тие истражувања се објавени во списанија, учебници и на официјалниот сајт на Меѓународната Су Џок академија во Москва. Во Алма Ата, Казахстан, на пример, голем број болници се организирани на тој начин што во еден нивен дел се практицира медицина која кај нас ја викаме официјална, а во друг дел медицина која ја нарекуваат нетрадиционална медицина, а која ги подразбира оние облици на лекување, кои кај нас ги сврстуваме во алтернативната медицина. Пациентите имаат право да одберат кој од овој начин на лекување ќе го користат по совет на своите доктори.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина