1.Го подобрува варењето на храната

Бадемовото масло е одлично за добрата дигестија. Само додадете една лажичка бадемово масло во чаша млеко или сок. И пијте го овој напиток секој ден. Дополнителна предност – го зајакнува имунитетот, бидејќи бадемовото масло ја задржува топлината во телото.

2. За сува кожа

Бадемовото масло се апсорбира брзо во кожата и брзо ја елиминира сувоста и перутањето. Погрубата кожа на одредени делови од телото -лактите, колената и петиците мачкајте ги почесто, се додека кожата не стане мека. За сува кожа на лицето- додадете малку бадемово масло во вашата дневна крема за лице. Ќе го ослободи вашето лице од сувост, ќе му пружа одлична хидратација и замислете- ќе ве ослободи од алергиски реакции и воспаленија.

3. Бадемово масло против брчки

Бадемите се богат извор на витамин Е. Доколку секојдневно го применувате овој витамин , не само што ќе ја спречите појавата на брчки, туку исто така, и ќе ги ублажите веќе постоечките. Во борбата против брчките е најдобро да го користите бадемовото масло навечер. Секој втор ден или два пати неделно, нанесувајте бадемово масло на исчистена кожа на лицето пред спиење.

4. Ја осветлува кожата.

Бадемовото масло помага во осветлување на темните дамки на кожата, а исто така ги ублажува и трагите од лузни. Богатите антимикробни својства во овој случај ќе ви бидат од голема корист.

bademovo-maslo_2

5. Темни кругови под очите.

Помешајте бадемово масло со малку мед и со оваа смеса правете нежна масажа на кожата под очите. Надуеноста ќе исчезне, а кожата под очите ќе стане се посветла. Самата масажа би требало да биде многу лесна и нежна, бидејќи кожата под очите е тенка и чувствителна. А за да се зголеми протокот на крв на овие места – доволни се само лесни допири.

6. Ги ублажува последиците од сончевите зраци

Изгорениците и црвенилото на кожата се лечат со бадемово масло. Маслото го смирува црвенилото, па дури и го изедначува тенот на кожата.

7.За раст на трепките

Додадете неколку капки витамин Е во бадемовото масло и нанесувајте ја оваа смеса на трепките во период од два месеци. Ќе видите трепките ќе ви пораснат и ќе станат погусти, а освен тоа и посјајни.

8. За косата

Со бадемово масло можете да ја третирате сувата и безживотна коса, бидејќи маслото во себе ги содржи потребните витамини, особено витамин Е. Косата станува посилна и посјајна. Ќе исчезне и опаѓањето на косата. Потребно е да го втриете маслото со кожата на главата со нежни кружни движења и да го оставите да делува најмалку половина час пред да нанесете шампон. Масажата ја поттикнува циркулацијата, а хранливите материи кои се содржат во маслото, ќе ја направат косата помека и посилна и ќе го спречат нејзиното оштетување.

9. За усните

Додадете во бадемовото масло неколку капки сок од лимон и намачкајте ги усните со оваа смеса. Бојата на усните ќе се изедначи, мртвите клетки ќе се исчистат, а кожата на усните ќе блесне со природен сјај.

10. За кожа со акни

Помешајте бадемово масло (1 лажица) со мед (2 лажици) и со нежни движења на рацете внимателно направете масажа на лицето. Оставете ја маската да дејствува половина час, а потоа исплакнете го лицето со топла вода и избришете со мека крпа. Ова е добро средство, кое исто така го спречува и создавањето на нови акни.