Физичката активност е се разбира многу важна, а исто толку е важно и она ќе го земете по завршувањето на тренингот. Еден од најдобрите избори е , верувале или не, чоколадното млеко .

Повеќе не морате да трошите многу пари на скапи суплементи во вежбањето, бидејќи подеднакво ефективно, но и многу повкусно е чоколадното млеко. Во истражувањата во Тексас биле опфатени група спортисти кои наместо суплементи, употребувале само чоколадно млеко и било откриено дека нивните мускули се во подобра форма од оние кои користеле суплементи. Ако чоколадното млеко не е доволна инспирација да започнете со вежбање, тогаш не знаеме што би било.

 

Ги надоместува изгубените електролити

 

Сите ние се потиме за време на тренингот при што губиме голем број на електролити, соли одговорни за нормално функционирање на нашиот организам. Се претпоставува дека млекото совршено добро ги надокнадува солите, бидејќи ги содржи двата најважни електолити- натриум и калиум. Бидејќи млекото најдолго се задржува во телото за разлика од другите течности ,телото има повеќе време да ги апсорбира овие електолити .

 

Зголемување на мускулната маса

 

Тренинзите со оптоварување со чаша млеко се добитна комбинација за подобрување на мускулната маса. Истражувањата покажуваат дека пиењето млеко после вежбите, ја зголемува синтезата на мускулите, што резултира со зголемување на мускулните клетки.

 

 

cokoladno-mleko_2

 

Содржи јаглехидрати и протеини

 

Чоколадното млеко е совршен пијалок за по вежбање и поради односот на јаглехидратите и протеините кои ги содржи, а кои му овозможуваат на телото побрзо и поуспешно опоравување после тренингот, одржувајќи го телото во одлична кондиција до следниот тренинг. Истражувањата потврдуваат дека чоколадното млеко содржи двојно повеќе јаглехидрати и протеини од обичното млеко и спортските пијалоци, што го подобрува опоравувањето и растот на мускулите.

Останати хранливи состојки

 

Во споредба со останатите спортски пијалоци кои обично се пијат по тренингот, чоколадното млеко содржи повеќе калциум и витамин Д, кои се од голема важност за сите спортисти. Поединечно и во комбинација, овие нутриенти прават многу добробити за вашиот организам. Ги подобруваат атлетските способности заради нивното влијание врз коските и мускулите, а и повредите на вашето тело се поверојатни доколку имате недостаток на некој од овие две нутриенти. Калциумот го подобрува нервниот систем и поврзан е со излачувањето на хормоните , а витаминот Д е важен за регулирање на останатите минерали во организмот. Само една чаша чоколадно млеко содржи половина од препорачаната дневна доза на калциум, и една третина витамин Д.

 

Економичност

 

Покрај сите овие одлични својства кои ги наведовме за чоколадното млеко, чоколадното млеко е многу поевтино од традиционалните суплементи кои обично се користат по тренингот, што е само уште една причина плус да го пиете.