Како да направите купка за детоксикација?
Детоксикацијата на телото со помош на купка е древен лек кој секој може да го направи. Со овој вид на детоксикација токсините се исфрлаат низ потењето. Купката за детоксикација и овозможува на кожата да ги впива минералите и хранливите материи од водата. Еве како да ја направите.
1. Одредете си еден ден кога ќе можете да одвоите барем 40 минути за да си направите купка. Во првите 20 минути од телото се ослободуваат токсини, а во другите 20 минути кожата ги впива минералите од водата.
2. Наполнетеја кадата со топла вода и користете го филтерот за хлор доколку го имате.
3. Вметнете во водата магнезиум сулфат. На овој начин ќе го подигнете нивото на магнезиумот во водата. Сулфат ги чисти токсините и помага за формирањето на протеини во мозочното ткиво и зглобовите.
– За деца до 27 килограми, ставете половина чаша.
– За деца од 27-45 килограми ставете една лажичка.
– За оние потешки од 45 килограми ставете две чаши магнезиум сулфат.
4. Ставете една до две шолји сода бикарбона. Содата бикарбона е позната по својата способност н чистење, а дејствува и против гливичните заболувања. Освен тоа, ја прави кожата мека.
5. Ставете и мелен ѓумбир или чај од ѓумбир. Што се однесува до ѓумбирот, тој не е задолжителен во оваа купка, но ја подигнува температурата на телото, заради што и повеќе токсини ќе изгубите низ потта. Бидејќи ѓумбирот загрева, кожата може да ви се зацрвени на неколку минути, па бидете внимателни со количината која ја ставате во водата. Немојте да ставате повеќе од третина шолја.
6. Додадете ароматични масла. Ни ова не е задолжително, но повеќето луѓе го сакаат мирисот на овие масла и за голем број луѓе овие масла имаат терапевтско дејство. На пазарот се присутни многу масла кои можат да ве опуштат (како на пример она од лавандата), како и масла кои ќе помогнат во процесот на детоксикација (маслото од еукалиптус). Обично е сосем доволно во водата да додадете 20 капки ароматично масло.
– Можете да користите и свежи билки- додадете листови од нане (кои загреваат), цвеќиња од лаванда (кои смируваат), камилица (која исто така смирува) или нешто друго што му одговара на вашето расположение.
7. Со раката протресете ја водата, а потоа влезете. 40 минути е препорачливо, но издржете барем 20 (имајте на ум дека што подолго- тоа подобро). Би требало да започнете да се потите по неколку минути. Ако ви биде премногу топло, слободно ставете малку студена вода.
8. Откога ќе завршите со купката, пијте големи количини на вода. Секој пат кога ќе правите детоксикација, морате да ги исфрлите токсините од телото, а водата ќе ви помогне во тоа.
ВНИМАНИЕ
Оваа купка не се препорачува за бремени жени, оние кои имаат проблем со срцето, бубрезите или нешто друго.
Пред да ги ставите билките во купката, внимателно проучете ги сите нивни својства. Некои билки можат да бидат и отровни.
Немојте да ставате водород- пероксид во купката. Тој може да има нагризувачки ефект врз вашата кожа.