Обрежувањето е едно од најспорните медицински зафати ширум светот, каде што оние кои се против велат дека тоа е беспотребна операција која се граничи со запоставување. Оние, пак, кои се залагаат за овој метод истакнуваат дека поседува бенефиции по здравјето и дека е верско право. Едно ново истражување покренало и дебата, откако научниците сугерирале дека обрежувањето на бебињата не ја намалува сензитивноста на пенисот, и покрај поранешните тврдења кои биле спротивни на тоа. Во рамките на ова истражување бил следен ,,статусот,, на 62 мажи на старост меѓу 18 и 37 – годишна возраст, од кои 30 биле обрежани, а 32 – не. Била тестирана чувствителноста на пенисот во вид на реагирање на допир, на топлина и на болка. Притоа не била пронајдена никаква разлика меѓу двете групи на мажи! Биле тестирани, исто така, и нивните способности во текот на период од четири недели. Некои од нештата кои биле притоа тестирани биле задоволството од сексуалниот однос, оргазмите, сексуалната желба и други, и повторно не била пронајдена разлика меѓу обрежаните и необрежаните мажи.

Историски, обрежувањето се правело како начин да се сопре мастурбирањето кај машките деца. Се тврдело и дека истото ја намалува можноста за добивање рак на пенисот и инфекции. За многу еврејски и муслимански заедници, овој зафат е основен дел од нивната вера. Иако најчесто се прави кога машкото дете е се уште бебе, стручњаците препорачуваат тоа да се прави и кај возрасни необрежани мажи. Имено, резултатите од едно големо истражување, неодамна објавени ви списанието BJUI, кој е водечко британско списание на уролозите, покажало дека обрежувањето има одбранбен ефект против рак на простата, посебно меѓу мажите со темен тен на кожата, кои се високоризична група. Ова истражување покажало и дека кај оние мажи кои биле обрежани на постари години, на возраст од 35 и повеќе години, ризикот од појава на рак на простатата паднал за дури 45%. Кај оние обрежани во текот на првата година од животот, тој ризик е намален за 14 %, што е особено важно за ризичните групи. Инаку, три различни истражувања докажале дека обрежувањето игра заштитна улога и при заразувањето со ХИВ вирусот.

Истражувањата спроведени во Кенија, ЈАР и Уганда покажале дека обрежувањата ги намалуваат можностите за заразување со ХИВ и докажале и дека необрежаните момчиња имаат многу поголеми шанси да добијат инфекција на уринарниот тракт во однос на обрежаните. Според истражување кое во 2012 година го објавило Канадското здравствено списание, ризикот од инфекција кај необрежаните момчиња е намален за 88%. Од друга страна, Кралското холандско здружение на доктори се заложило за престанок на обрежувањето на момчињата, соопштувајќи дека таквиот зафат е медицински непотребен и дека ги крши правата на детето. Инаку, повеќето обрежувања во Холандија се прават од верски причини, без никаква медицинска потреба.

Според податоците на Светската здравствена организација (WHO), од 2008 година, околу 30% мажи во светот биле обрежани. Инаку, во многу случаи обрежување воглавно се врши кога детето има фимоза – стеснување на кожичката на половиот орган, поради што не може да мокри соодветно или може да има проблем со ерекцијата, кога се јавува болка, а може да постои и како естетски проблем.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина