Имунитетот е предуслов за добро здравје и долг живот, а ако сакате да го оддржите силен, внесете промени во исхраната. Во денешно време, не е лесно да се оддржува здрав и силен имунитет. Нечистиот воздух, нездравата храна и преголемиот стрес и тоа како оставаат трага.

Како да се помогне?

Најпаметно е на природен начин – со храна! Стручњаците препорачуваат намирници кои докажано го јакнат имунитетот.

Спанаќ

Спанаќот отсекогаш се доживувал како одлична намирница. Во него се крие вистинско мало богатство – од витамини А, Б2 и Б6 до витамини Ц, К и Е. Исто така, тој изобилува со антиоксиданси, фитонутритиенти, протеини, омега-3 масни киселини и калциум. Кажано поинаку, тој е толку многу здрава намирница, што треба да биде составен дел од секој оброк.

Орев

Не треба да јадете дневно големи количини ореви за да имате моќен имунитет. Доволно е по еден грст на ден и ефектот ќе биде веднаш видлив. Оревот содржи многу витамини, омега-3 масни киселини и други нутритивни вредности кои пружаат заштита на срцето и мозокот. Некои истражувања покажале дека оревот го забавува и развојот на Алцхајмеровата и на Паркинсоновата болест. Може да се јаде меѓу оброците, секојпат кога ќе добиеме напад за грицкање.

Грав

Вкусниот грав е одличен, бидејќи содржи лептин, кој помага во намалувањето на апетитот. Освен тоа, тој изобилува со витаминот Б, калциум, калиум и фолна киселина. Сето тоа е добро за мозокот и кожата, а помага и во намалувањето на крвниот притисок. Исто така, гравот е добар и во превенцијата од мозочен удар. Добро е да се јаде почесто, па се препорачува како прилог наместо компир. Долго време ќе се чувствувате сити.

 

Лосос

Лососот е исклучително здрава намирница. Посебно препорачлив е дивиот лосос, кој содржи поголема количина на нутритивни вредности. Лососот е одличен извор на протеини, на витаминот Д и Б – комплекс витамините, но и на омега-3 масните киселини. Научните докази упатуваат на тоа дека лососот штити од карцином, кардиоваскуларни тегоби, депресија и низа други болести. Треба да се јаде барем еднаш неделно и тоа, ако сте во можност, див лосос.

Боровинки

Освен што се вкусни, боровинките се полни со фитохемикалии, кои слуашт за борба против најразлични болести. Исто така, боровинките содржат флавоноиди и растопливи влакна, а сето тоа може да помогне во борбата против сериозните болести како што се канцерот, чиреви на желудникот, дијабетес, срцеви болести и висок крвен притисок. Тие го намалуваат и нивото на лош холестерол во организмот. Добро е да се консумираат како десерт наместо разни нездрави слатки.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина