Транцеденталната медитација (ТМ) е многу ефикасна техника на опуштање која ни помага да се ослободиме од сите мисли во умот и да дојдеме до состојба на опуштена свест. Ова се нејзините благодети.

 

ТМ се практикува во Индија од древни времиња, а во западната цивилизација ја претставил Махариши Махеш во далечната 1960 година. Од тогаш, многу луѓе ширум светот ја орактикуваат и секојдневно откриваат нови бенефити од овој вид на медитација.

 

Завреме на транцеденталната медитација, човекот седи на под во удобна положба, со затворени очи, и повторува една мантра. Мантрата е звук без никакво значење, а поттекнува од Ведската традиција.

 

Според збровите на многу следбеници на овој вид на медитација, за време на медитирањето обичниот процес на мислење станува трансцедентален, заменет е со состојба на чиста свест. Во тој стадиум личноста достигнува совршен мир, одмор, стабилност, ред и целосно изостанување на менталните бариери. Се верува дека оваа техника има благодетни дејства како врз умот така и врз телото, бидејќи освен што ги чисти мислите, го подобрува и здравјето на срцето и ги намалува ризиците од срцеви заболувања и го продолжува животниот век.

 

Одделни истражувања докажале дека со редовна медитација можеме да ги намалиме хроничните блки, анкциозноста, зголемениот крвен притисок и холестеролот.

 

Иако здравствените бенефити на медитацијата се стварни таа е се уште непозната и контроверзна кај нас, а многумина сакаат а го намалат нејзиното значење и влијание. Треба да се има на ум дека сите видови медитации вклучувајќи ја и трансцеденталната, се сосема безбедни и можат да го подобрат општото здравје на луѓето. Сепак, повеќето експерти се согласуваат дека медитацијата никако не смее да се практикува како замена за одделни терапии и како третман за одредени болести.

 

Како се практикува и изучува транцеденталната медитација?

 

Транцеденталната медитација не е ниту религија, ниту животна филозофија, и не подразбира промена на животните навики, но за разлика од другите видови на медитации, може да се изучува само низ седум одредени чекори, низ кои треба да ве води школуван практикант. За време на овие часови тој ќе ве воведе во светот на ТМ и ќе одговори на сите ваши интересирања.

 

ТМ медитацијата треба да се практикува два пати во текот на денот, по 15-20 минути, а најдобро време за неа наутро пред појадок и доцна попладне, пред вечерата.

 

За овој вид на медитација не ви е потребна посебна концентрација, ниту посебен труд. Се што треба да направите е нормално да дишете и да го насочите целото внимание на мантрата.

 

 

Здравствени бенефити

 

Постојат повеќе од 350 студии кои ги потврдуваат ,,лековитите својства,, на оваа техника:

 

  • Намалува повишен крвен притисок
  • Ја намалува потребата за употреба лекови за зголемен крвен притисок
  • Го намалува метаболичкиот синдром
  • Ублажува артериосклероза
  • Ги опушта крвните садови
  • Го подобрува квалитетот на животот кај срцеви болни
  • Го продолжува животот

Според многу здруженија и асоцијации, ТМ исто така помага и  при анкциозност, болка, депресија, стрес, несоница, симптоми поврзани со хронични болести и лекови со кои се третираат.

 

Мерки на претпазливост

 

Повеќето стручњаци се согласуваат дека медитацијата е целосно безбедна кај здрави луѓе и дека позитивните влијанија далеку ги надминуваат оние негативните, но тие предупредуваат дека медитацијата не треба во никој случај да се користи како замена за одредена терапија. Некои истражувања покажале дека медитацијата во одделни случаи може дури и да ги влоши сиптомите кај луѓе со одредени психолошки проблеми или да произведе чувство на дезориентаицја и анкциозност.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина