Правилото 80/20 не е диета, туку промена на животните навики, која резултира со губење на килограмите. Со оваа промена многу лесно се учи за избалансираната исхрана и умереност, а може да се примени и на вежбањето. Правило 80/20 значи дека и понатаму, без грижа на совеста може да уживате во вечерата или пијалокот со пријателите, а поимот за уживање во храната ќе ви остане и тоа како познат.

Се работи за многу едноставна работа – 80% од времето се храните здраво, а во 20% од времето си дозволувате да го јадете омиленото јадење, слатко, пијалок … И, не морате премногу да се грижите околу пресметувањето.

Ако, на пример, три здрави оброци на ден, тогаш се три нездрави од вашите 20% за таа недела или ако во денот изедете пет помали оброци, тогаш таа недела можете да изедете седум помали слатки. За уште подобри резултати, ,,штедете,, ги калориите преку неделата и држете се до планот, а потоа за викендот опуштете се. Истото правило можете да го примените и на вежбањето.

 

Дека навистина функционира овој вид на исхрана, се имаат уверено многу холивудски убавици, меѓу кои е и Џесика Алба. Нејзиниот тренер Јуми Ли, вели дека не можеме да бидеме секогаш 100%, но дека е изводливо 80%. Тој советува што повеќе помали, здрави оброци во текот на денот, што ќе влијае позитивно на целата промена на навиката во исхраната.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина