Ова се знаците кои телото ни ги кажува, а кои не смееме во никој случај да ги игнорираме. Тие покажуваат дека не сме здрави онолку колку што мислиме дека сме.

1. Бела коса пред 40-та година

Белите влакна се природна појава која честопати зависи од генетиката. Но, ако имате повеќе од 50% бела коса веќе во 30-та година од животот, а немате такви случаи во потесното семејство, тоа може да биде знак за дијабетес.

2. Младежи

Иако повеќето од младежите на телото се безопасни и бенигни, некои можат да бидат особено многу опасни, посебно оние кои настанале по сончање. Сенилната или актиничната кератоза настанува со делување на сонцето и неговото УВ-зрачење и се вбројува во преканцерогена промена на кожата.

3. Белка во очите

Белката треба секогаш да биде бела. Освен ненаспаност или настинка овој дел од окото може да открие и некои опасни промени во нашиот ирганизам. Жолта белка може да биде знак за жолтица, проблеми со црниот дроб и жолчката. Црвената може да биде знак за висок крвен притисок или за вирусно зболување како на шример конјуктивитис.

4. Испукани усни

Непријатните пукнатини на усните можат да бидат предизвикани од промена на температурите и од ветер. Но, оние пукнатини кои често се јавуваат на рабовите од усните и или внатрешните ранички можат да бидат знак за недостиг на витамин Б и цинк. Ако пукањето на усните е често, причина за тоа може да биде и габична инфекција.

5. Отечен врат

Ако сте забележале дека вратот ви е отечен, веднаш побарајте совет од доктор. Оток на предниот дел од вратот најчесто е поврзан со проблеми со штитната жлезда, кои се вообичаена појава кај жените помеѓу 20 и 50 – годишна возраст.

6. Губење на веѓите

Со тек на годините веѓите стануваат поретки, но наглото губење на влакната може да биде знак за проблеми со штитната жлезда, хипертиреоза – преактивна штитна жлезда или хипотиреоза – намалена работа на штитната жлезда. Ваквите промени се проследени и со губење на косата.

7. Црвени дланки

Вжарени и црвени дланки можат да бидат причина за дерматитис, егзема или алергиска реакција на метал, лекови, храна или пијалок.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина