Постојат неколку фактори кои одредуваат дали е безбедно да се користат лекови по истекот на рокот на траење, пишува Hafington post. Типот на лекот, колку време поминало од истекот на рокот и начинот на кој е чуван лекот, сите овие фактори кажуваат дали некој лек може или не да се консумира по неговиот поминат рок, вели Дејвид Ниренберг, шефот од отсекот на клиничка фармакологија и токсикологија во Дармут Хичкок медицинскиот центар.
– Мислам дека не постои никаков проблем ако земате лек на кој рокот му истекол пред неколку месеци или година дена, а ако притоа е добро чуван. Мислам за повеќето овие лекови не постои било каков проблем.

Фармацевтските компании ја тестираат ефикасноста и безбедноста на лекот во одреден временски период – обично две до три години – и само ако е правилно чуван. Правилното чување значи дека лекот не е изложен на исклучително висока или ниска температура, директна сончева светлина или топлина и влага.
Научната истражувања докажале дела лековите делуваат подолго време по истекот на рокот на употреба. Тоа е добра вест за оние на кои им треба нешто итно или сакаат да заштедат пари.

Меѓутоа, Ниренберг вели дека постојат некои лекови кои не треба да се употребуваат по истекот на рокот. Течните лекови треба посебно да се одбегнуваат. Содржината на шишенцето е стерилно додека не се отвори, бидејќи штом течниот лек ќе се отвори, станува многу чувствителен на бактериска контаминација. Тоа се однесува посебно на капките за очи.

Многу сериозно треба да се сфаќа и упатството за чување на лекот. На пример, нитроглицеринот, таблети кои обично им се припишуваат на оние кои имаат ангина или коронарни болести на срцето, е исклучително чувствителен на есктремна топлина.

Затоа не се препорачува овие таблети да се чуваат во автомобил, дури ни во касетата.

Исто така треба да размислите и за антибиотиците. Ако имате сериозна инфекција и ако пронајдете антибиотици во своето орманче, не постои начин да се утврди дали лекот има ослабнато дејство и затоа не вреди да се ризикува.

Тагови: лекови
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина