Дали знаете дека стапалата влијаат на состојбата на целиот организам? Според мислењето на научниците, неодамнешните истражувања покажале дека е пожелно барем еден час во текот на денот да се оди бос, а еве и зошто.

 

Ублажува болки

Стапалата го заземаат обликот од теренот на кој се потпираат и клетките се активираат, а тие се во директен контакт со кожата. Доколку имате болки во зглобовите на нозете, шетајте боси по трева, тоа ќе помогне да се ублажи болката.

Го намалува непријатниот мирис од нозете

Кога шетате боси, нозете се во директен допир со воздухот. Затоа и се јавува непријатната миризба на нозете, бидејќи кога сме постојано обуени, кожата не може да дише.

Правилно држење

Женските обувки, посебно оние со високи потпетици, се многу неудобни и имаат негативни ефекти. Ако подолг временски период се носат високи потпетици, тоа делува лошо врз држењето на телото.

Го подобрува сонот

Стапалата влијаат врз целото тело. Пред спиење е најдобро да ги измасирате, за да бидете повеќе опуштени.

 

Ја подобрува циркулацијата

Нозете и стапалата имаат огромен број на вени и артерии, бидејќи во нозете се наоѓаат најголем дел од мускулите. Со оглед на тоа што стапалата се директно поврзани со нозете, и тие исто така добиваат голема количина свежа крв од срцето и со тоа ја подобруваат циркулацијата.

Ослободува од стрес

Поради тоа што сетилните нерви се многу активни во стапалата, кога стоиме боси на трева се ослободуваме од негативната енергија. Ова помага и за намалување на стресот, ги јакне зглобовите, мускулите и тетивите. Кога одиме боси, мускулите мора да работат дополнително, за да можат стапалата правилно да се потпираат на земјата. Затоа, чекорете и трчајте боси. На овој начин мускулите и зглобовите ќе ви зајакнат.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина