Не слушаат лошо само старите луѓе. Всушност, само 35% од луѓето кои го имаат овој проблем се постари од 64 години. Затоа, доколку забележите некои од следниве тегоби, обратете се кај својот доктор.

 

Ви ѕвони или зуи во ушите

 

Ова се првите знаци за губење на слухот, а се јавуваат кога е тишина. Ако ова ви се случува често, или ако зуењето кое го слушате станува се погласно, големи се шансите да ви се оштетени нервите во ушите.

 

Зуењето во ушите може да биде предизвикано и од слушалки, поради што се повеќе има претставници од младата популација кои имаат послаб слух. Докторите велат дека само осум до петнаесет минути дневно слушање музика преку слушалки може трајно да го оштети нашиот слух.

 

 

Одвреме – навреме ве фаќа вртоглавица

 

Ако забележите дека се ,,занесувате,, додека одите, или ве фаќа вртоглавица додека седите, тоа исто така може да биде знак дека ви е оштетен слухот. Оние кои не слушаат добро вложуваат поголем напор да слушнат, поради што некои едноставни активности, како што е рамнотежата, имаат помало ,,внимание,, од мозокот.

 

Заборавни сте

 

Тешко е да се запомнат нештата кога не слушате добро, а губењето на слухот може да биде и показател за ментален ,,пад,,, каде заборавеноста е првиот симптом, иако тоа е најчесто појава кај постарите луѓе.

 

Едно големо истражување во Америка покажало дека 2.000 луѓе постари од 70 години, кои послабо слушаат, истовремено имаат и побавно размислување и постигнуваат послаби резултати на тестовите за интелигенција. Исто така, оние кои послабо слушаат често се повлекуваат од општеството, свесно се изолираат, а тоа влијае врз когнитивниот пад.

 

Кога е слухот оштетен, мозокот троши повеќе дополнителна енергија за процесирање на звукот за сметка на меморијата и размислувањето.

 

Ви пречи вревата

 

Автомобилските сирени, плачењето на бебе, лаењето на куче… и слични звуци можат да бидат вознемирувачки, но не и неподносливи. Ако за вас се, ако ве болат ушите или главата од тоа што го слушате, сигурно ви е наслабнат слухот.

 

 

Постојано велите: “Што, молам, како?”

 

Ако ви се случува да не слушате добро во ресторан кога сте излезени со друштвото, или на некое слично место каде има повеќе луѓе и каде се слушаат разни шумови, не ги обвинувајте вревата и лошата акустика, туку својот слух.

 

Ушите кои добро слушаат и функционираат го изолираат звукот кој им е потребен од другите шумови во вревливата просторија. Оној кој нема добар слух, во таквите ситуации постојано само ќе прашува: “Што, молам, како?”, барајќи на тој начин да му се повтори веќе кажаното, бидејќи не слушнал добро.

 

Тагови: слухуши
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина