Свинската маст одамна е составен дел на традиционалната кујна и незаслужено се смета за нездрава. Таа има свое посебно место во козметиката и во народната медицина и има многу ефикасни дејства. Истражувањата од бројни медицински стручњаци покажале дека овој домашен производ содржи заситени масти, кои можат да бидат еден од причините за зголемен холестерол. Меѓутоа, ако се консумира умерено и на соодветен начин, маста е исклучитено лековита и има широка примена. Според некои истражувања, покрај во козметиката, маста може да се користи и за превенција на срцеви заболувања, дијабетес, Алцхајмерова и Паркинсонова болест, артритис и многу малигни болести. Ова се само некои од здравите начини на кои може да се користи свинската маст.

Спречува респираторни инфекции

За лекување на бронхијални воспаленија може да се користи и овој природен мелем, кој ќе го елиминира проблемот многу брзо. Свинската маст како лек за бронхитис се подготвува така што во половина литар млеко се варат 2 – 3 листа од билката подбел. Кога ќе проврие, се додава една лажичка маст. Овој напиток треба да се пие секоја вечер, и тоа по еден филџан.

Лек за хемороиди

Две лажички несолена свинска маст се мијат девет пати, потоа се ставаат на чиста газа и пред спиење се ставаат на болното место и се остават преку ноќ. Постапката треба да се повторува најмалку две недели, по што со сигурност ќе се елиминира овој здравствен проблем.

 

Гинеколошки проблеми

Свинската маст против воспаленија на јајчниците делува така што две лажички од овој препарат, исто така измиени во девет води, се ставаат како облога на долниот дел од стомакот и се оставаат преку ноќ. Постапката треба да се повторува до оздравување. Освен тоа, овој домашен препарат треба да се користи во случаите кога се јавува кандида албиканс (во народот познато како ,,бело прање,,) односно при појавата на габични вагинални инфекции. Во овие случаи природниот лек треба да се подготви на веќе познатиот начин и да се нанесе на хигиенска влошка или тампон.

Употреба во козметиката

Она што е интересно во светот на козметиката е тоа шо свинската маст има могу подобро дејство како крема за лице од разните скапоцени препарати. Поради тоа што не содржи никакви хемикалии, таа е многу ефикасна и посебно се препорачува на оние кои имаат проблеми со акни и мозолчиња. Ако се испере добро низ девет вода и се нанесе на проблематичните делови, ќе воодушеви со својата ефикасност. Веќе по неколку дена се забележува повлекување на акните, а кожата станува помека и посјајна.

 

Отстранува стрии

Трагите од стрии на кожата не се повлекуваат лесно, па кај многу жени предизвикуваат чувство на непријатност поради својот изглед. Свинската маст е ефикасна во борбата со стриите и и ја враќа на кожата еластичноста и мекоста. Секоја вечер пред спиење треба да се врие на проблематичните места. Таа ќе и го врати колагенот на кожата и ќе ја направи подобро хидрирана и поеластична.

Чудотворна маст измиена во девет води

Маста измиена во девет води има чудотворно дејство, бидејќи на тој начин од неа се исфрлаат вишокот на сол и други штетни материи. Треба да се стават две лажици маст во филџан, потоа да се стави вода, малку да се размати и да се истури. Оваа постапка треба да се повтори точно девет пати. Потоа маста може да се стави во пластичен сад и ваквиот препарат може да се користи во бројни здравствени и естетски цели.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина