Денес, животот е многу сложен. Многуте обврски, ,,жонглирањето,, меѓу работата, родителството и приватниот живот сето тоа е многу тешко и подразбира поголем притисок и ниво на стрес од порано. Брзиот начин на живот е честа причина за појава на анкциозност, што за последица има зголемено чувство на грижа и страв, кое може да делува негативно на човечките односи, кариерата, па и пријателството.

Некои луѓе можат многу добро да ги маскираат симптомите на анкциозноста, па поради тоа се чини дека тие полесно се носат со секојдневните обврски, иако всушност не е така. Меѓутоа, најновите истражувата покажуваат дека жените се повеќе наклонети да станат анкциозни. Погледнете ги следниве топ совети за борба со паничните напади и големата количина стрес.

1. Намалете го времето на престој на Интернет

Анкциозност е нарушување кое се одликува со лесно фокусирање на нешто, кое по извесно време може ,,да ни ја наполни главата со глупости,,, поради кои ќе бидеме загрижени и повознемирени од вообичаено и ќе замислуваме најлоши можни сценарија. Токму поради ова треба да се намали времето поминато на електронските медиуми и на друштвените мрежи, кои се преполни со лоши вести и негативни пораки.

Исто така, доколку ги посетувате медиумите и друштвените мрежи со цел да ги тргнете мислите од проблемите, за да се забавувате и да го поправите расположението, тоа може да биде сосема погрешно. Имено, многу испитаници од разни истражувања објасниле дека се чувствувале уште полошо по сурфањето на Интернет, иако посегнале по него со цел да се смират. Од тука, намалувањето на времето пооминато онлајн може многу да помогне во намалувањето на нивото на стрес.

2. Движете се

Сите физички симптоми на анкциозност се терање на телото на акција и ,,бегство од проблемите и опасностите,,. Дишењето ви се забрзува, срцето почнува забрзано да чука и ве обливаат бранови топлина. На овие симптоми најдобро е да се одговори со одење надвор и физички активности, кои ќе ви помогнат да се смирите и да се чувствувате подобро.

3. Техники на дишење за смирување

Оваа техника на дишење го поттикнува биолошкиот процес на релаксација и го проширува здивот. Заборавете на длабокото дишење или методот ,,уста-нос,, и на сите оние стари совети кои ги имате слушнато безброј пати. Она кое треба да го направите за да го ублажите стресот и нападите на анкциозност е полека да го вдишувате воздухот, броејќи до пет, а потоа да издишувате на 11 секунди. Издишувањето би требало да трае додека не изброите до седум. Постапката повторувајте ја една до две минути и притоа трудете се максимално да се опуштите. На овој начин ќе го ослободите мозокот од непотребните грижи и проблеми. Овој метод на дишење е одлична прва помош и за смирување на паничните напади.

4. Пренасочете ги мислите

Анкциозноста наведува да се размислува за се на најлош можен начин и постојано да се мисли на тоа што се може да тргне наопаку.

Ако имате страв од нешто и сте убедени дека тоа страшно нешто ќе се случи, обидете се да убедите самите во спротивното.

5.Пронајдете го својот ,,ментален простор,,

Исто како што еден компјутер со преполна меморија работи побавно и не ни овозможува да отворите неколку програми одеднаш, така и мозокот при напад на анкциозност се бори да се концентрира, фокусира и логички да ги извршува потребните задачи. Затоа, ,,дајте му доволно простор на мозокот, со тоа што на себе ќе си дадете време за да се ,,оладите,, .

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина