Растението детелина е многу распространето на нашите подрачја, а малку се знае дека тоа поседува лековити својства. Идеална е за ублажување на тегоби со варењето, го регенерира болниот црн дроб и подеднакво е добра како ,,чистач,, на организмот. Таа е навистина здрава и може да се искористи на многу начини. Тука посебно се истакнува црвената детелина. Обично се користат цветовите, но и листовите се многу здрави. (Секако, тука се мисли на онаа детелина која не е третирана и која се наоѓа во чисти подрачја). Детелината спаѓа во растенија кои плански се одгледуваат како индустриска суровина, но е широко распространета и во природата. Може да се најде речиси на секоја ливада, цвета од јуни до септември, кога е вистинското време за нејзино собирање. Во фитотерапијата најмногу се користат цветовите од детелината, кои непосредно по берењето се сушат подалеку од извор на светлина и на место со добра циркулација на воздухот.

Детелината се јаде, има малку калории и е одличен додаток на диетите. Нејзините листови се богати со нутритиенти: протеини, минерали (железо, калциум, магнезиум, фосфор) и витамини (Ц, А, Е, и Б – комплекс).

Чај од листови детелина

Најлесен начин да уживате во сите нутритиенти на детелината е ако сварите чај од нејзините листови. Еден филџан суви листови прелијте ги со 4 филџани врела вода и оставете ги да отстојат 10 – 15 минути. Процедете, додадете малку мед и служете го топол чајот. Во лето можете да го пиете како леден чај, во кој ќе додадете малку лимонов сок и нане. Овој чај е добар за настинки и при болно грло, за искашлување, ја чисти крвта, делува како антиоксиданс, одличен е за жени кои се во менопауза, бидејќи ги спречува валунзите, а и го намалува ризикот од остеопороза.

Покрај сето тоа, детелината има својства со чија помош можете да го контролирате ..лошиот,, холестерол и го спречува затнувањето на крвните садови. Доколку имате вртоглавици предизвикани од низок шеќер во крвта, се препорачува секојдневно да земате по една лажичка мед од детелина.

Детелината влегува во составот на посебни растителни мешавини и сирупи, кои се користат за лекување сезонски болести, како што се настинка, кивавица со температура, додека чајот од исушената детелина поседува антибактериски својства, па се препорачува за жабуркање на воспалено грло. Листовите детелина можат да се додаваат и во супи и други јадења. Нема горчлив, туку благ вкус, а на оброкот само ќе му даде повеќе витамини и минерали. Одлично оди со салати.

Уште од нашите предци ни е останат чајот од детелина за лекување неплодност. За овој чај потребно е: 30 гр. сушени цветови детелина и 1 лажичка сушени листови нане. Сето тоа се прелева со 1 литар врела вода и се остава да отстои поклопено 15 минути. Чајот се засладува со мед и се пие во текот на денот.

 

Еликсир од детелина и мед

Се берат се уште нерасцветаните листови од детелина. 100 гр. од нив се ставаат во 1 литар врела вода. Им се додава 200 гр. мед, се поклопува и се остава да вари уште 15 минути, со повремено мешање. Се остава да се олади во целост, потоа се процедува. Овој еликсир треба да се зема после оброците, до 2 супени лажици. Се користи за проблеми со варењето.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина