Циметот е еден од оние зачини кои можеме да ги третираме како волшебни. Лековит е и се смета за вистински зимски зачин. Асоцира не неодоливи пити, варени вина, а всушност е пријател на витката линија. Затоа почетокот на пролетта е вистинското време што повеќе да се вметне во исхраната. Еве за што се е погоден.

 

Дијабетес

 

Циметот го регулира метаболизмот со тоа што ја подобрува чувствителноста на хормонот инсулин, кој е одговорен за транспорт на шеќерот од крвта во клетките. Го намалува нивото на шеќер во крвта, значително ја подобрува апсорпцијата на глукозата, но делува побавно од инсулинот и така помага да се превенира дијабетесот тип 2.

 

Енергија

Циметот го подига нивото на енергија. Додадете прстофат од него во утринското кафе, смутито, чајот или снегулките.

 

Рак

Со истражувања е докажано дека циметот штити од рак, намалувајќи го растот на туморските клетки.

 

Слабеење

 

Истражувањата покаале дека циметот е подобар избор за забрзување на метаболизмот од чилито, бидејќи има поприфатлив вкус. Внесувајте го еднаш дневно, една до две лажички и ќе забележите разлика, и тоа без многу труд.

5. Заби

Овој зачин може да ублажи инфекција на забите. Измешајте малку цимет имед и нанесете го директно на забот кој ве боли. Држете 10 минути и потоа исплакнете ја или само голтнете ја мешавината.

 

6. За подобар сон

 

Загрејте млеко, додадете едно стапче цимет, поклопете и оставете да отстои 10 минути. Испијте го барем еден час пред спиење.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина