Мастите се неизоставен дел од правилната исхрана и од големо значење се за зачувување на здравјето. Не треба воопшто да се исклучат од исхраната. Притоа е важно да се разликуваат ,,добри,, од ,,лоши,, масти. Во групата на ,,лоши,, спаѓаат мастите богати со транс-масни киселини, кои се имаат покажано како штетни по човековото здравје. Според хемиската структура тие се незаситени масни киселини. Разликата помеѓу ,,добрите,, незаситени масни киселини и транс масните киселини е во положбата на на атомите на водородот. За да ги одбегнете опасните ефекти на транс мастите, треба да сфатите што се всушност тие. Транс мастите се полунезаситени билни масла кои се обработени за да можат да бидат постојани на собна температура и се познати како делумно хидрогенизирани масла. Загревањето на полунезаситените билни масла при пржење на храната во пченкарно масло, шафраново масло, масло од кикиритки и други вообичаени масла, е поинаков начин за добивање на транс масти.

Секоја храна пржена во полунезаситени масла – на пример помфритите во вашиот омилен ресторан за брза храна, во суштина се пржи во транс масти, веројатно направениод масло од соја. Наместо да биде подобра за вас од храната пржена во заситени масти, како што е свинската маст, лојот или палминото масло, таа храна е всушност уште полоша. Всушност, ако ви треба уште една причина, покрај шеќерот и брашното, зошто луѓето се подебели денес од било кога порано, причината за тоа барајте ја во транс мастите.

Она што ги прави транс мастите толку опасни е начинот на кој го подигаат нивото на ЛДЛ холестеролот, триглицеридите и нивото на липопротеините, а го намалуваат вашиот ХДЛ холестерол – најлошата можна комбинација на масни органски соединенија. Транс мастите не само што ги истиснуваат природните масти и масла во исхраната кои ги даваат основите масни киселини, туку исто така го спречуваат и апсорбирањето на основните масни киселини. Исто така, транс мастите ве тераат да произведувате повеќе инсулин отколку што е нормално, како реакција на гликозата во крвта, истовремено правејќи ги вашите црвени крвни зрнца чувствителни на инсулин.

 

trans-masti

 

Транс масните киселини воглавно настануваат на три начини: при преработка на билните масла во цврсти масти, на високи температури при пржење на храната и при процесот на хидрогенизација на незаситените масни киселини од непознати бактерии во дигестивниот тракт на тревопасните животни. Транс мастите им даваат подобар вкус на производите, што ја објаснува нивната досегашна употреба. Најголемите извори се билните масла, кои нашироко се користат во индустријата за брза храна, полуготовите производи, пржената храна, имитациите на сирење, вафлите, маргарините и во пекарските производи. Трагично е тоа што оваа им е секојдневна храна на луѓето.

Транс мастите се исклучитело опасни за срцето и крвните садови, бидејќи ја уништуваат мембраната на клетките. Предизвикуваат и многу малигни болести и дијабетес тип 2. Посебно на нивното внесување треба да внимаваат трудниците за време на бременоста и доењето, затоа што можат да имаат негативно влијание врз растот и развојот на детето. Затоа е многу важно внимателно да се читаат декларациите на намирниците и да се одбегнувата оние намирници кои содржат транс масни киселини. Се препорачува секогаш да се користи свежо масло при пржење на храната, да се одбегнува да се пржи повеќе пати во исто масло, а на крај да се одбегнува и самото пржење како начин на подготовка на храната. Најдобро е при пржење на храната да се користи масло од семки од грозје, кој не го менува својот хемиски состав до тепмература од 250 целзиусови степени.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина