Само една порција на зелен лиснат зеленчук на ден може да ја заштити меморијата и намалување на ризикот од деменција, открива новата студија на американските научници.

На студијата, која траеше пет години, присуствува повеќе од 950 луѓе. Тие пополнија прашалник со кој беа опфатени прашањата на сите нивни животни навики, вклучувајќи ги и навиките во исхраната. Истражувачите потоа ја анализираат меморијата на учесниците со користење на различни тестови.

Резултатите покажале дека учесниците кои секојдневно консумираат најмалку една порција на темно зелен лиснат зеленчук како спанаќ и кељ, имаат подобра меморија, како и намалување на ризикот од деменција, во споредба со учесниците, кои темно зелен лиснат зеленчук консумираат  ретко или воопшто не.

Научниците веруваат дека за тоа е заслужно високото ниво на витамин К, за кој претходните студии веќе покажаа дека тоа може да помогне да се спречи когнитивно оштетување.

Научниците истакнуваат дека она што го јадете или не го јадете, има големо влијание на нивото на крвниот притисок и кардиоваскуларното здравје. Што повеќе овошје и зеленчук во исхраната, толку подобро ќе работи кардиоваскуларниот систем, и подобрените перформанси на кардиоваскуларниот систем значи подобар проток на хранливи материи во мозокот.

Иако, според мислењето на научниците, витамин К,е најважен за позитивните ефекти од зелениот лиснат зеленчук, додека пак  суплементите на витамин К немаат подеднакво добар ефект. Тие додаваат дека секогаш е подобро, хранливите соединенијда се внесуваат преку храна, а не преку суплементи, барем кога станува збор за соединенија кои се лесно достапни.

Ја почитува здравата исхрана,посебно овошјето и зеленчукот,љубител на животни,верува во љубов,омилено место за живеење Париз