Алкална вода – здравствена потреба или консумерски мит?
Многу здравствени стручњаци тврдат дека алкалната вода – купена во шишиња или од сопствена славина со помош на јонизирачки прочистувач – здрав вид вода за пиење која го забавува процесот на стареење, ја зголемува енергијата, помага во лекување на неплодноста, ја регулира pH вредноста во телото и спречува хронични болести како што е ракот. Но, дали има вистина во тоа? Дали е таа подобра од обичната вода?
pH вредност
pH скалата ја одредува киселоста односно алкалноста на соединенијата. На скала од 0 до 14, 7 во средината означува неутрална точка додека течноста со pH 13 е многу алкална.Чистата вода се задржува во средината со pH вредност која е блиску до 7. Алкалната вода, која се нарекува уште и јонизирана вода, има повисока pH вредност од обичната вода, главно помеѓу 7 и 9,5. Во теорија, заговорниците на алкалната вода веруваат дека таа ја намалува киселоста на организмот. Се смета дека западната стандардна исхрана придонесува за киселост на организмот и за хронична ацидоза, состојба која е поврзана со здравствените проблеми, како што е хромонската нерамнотежа и метаболичките нарушувања. Преголемата киселост на организмот може да ги ослабне телесните системи, бидејќи телото ќе мора да ги позајми минералите од коските, забите и од другите органи за да го неутрализира вишокот на киселост. Високото ниво на киселост и ацидоза може да доведе до пролив, остеопороза, анкциозност, ревматски артритис и пречки во имунолошкиот систем. Ацидозата исто така може да ја попречи способноста на клетките да се регенерираат и да произведуваат енергија и да им овозможат раст на клетките на ракот. Во студијата објавена во август во 1989 година во Perspectives in Cancer Research, мерењето на pH вредноста во клетките на ракот покажале дека микрооколината на туморот е покисела отколку онаа кај нормалните ткива.
Додека некои анегдотални докази упатуваат на тоа дека алкалната вода може да биде полезна за здравјето, важно е да се истакне дека засега не постојат многу податоци. Досега не се спроведени истражувања кои би покажале дека консумирањето алкална вода може да го намали ризикот од рак или да помогне во борбата против него. Но, може ли таа навистина да помогне кај други здравствени состојби?
Во Франција, истражувачите го следеле здравјето на 3777 постари луѓе во периодот помеѓу 1988 и 2004 година во руралните подрачја, кои се познати по тоа што имаат високи нивоа на алуминиуми силициум во водата за пиење. Во студијата објавена во 2009 година во American Journal of Epidemiology укажала дека силициумот во водата за пиење (10 мг. на ден) е поврзана со намалување на ризикот од деменција и когнитивно пропаѓање.
Кои се опасностите од пиењето алкална вода?
Не е секогашп добро телото да се направи премногу алкално – тајната е во златната средина. На пример, кај оние кои патат од нарушување на работата на бубрезите, минералите од алкалната вода може да почнат да се таложат во телото. Освен тоа, пиењето премногу алкална вода може да доведе до состојба која се нарекува метаболичка алкалоза, што може да предизвика збунетост, мачнини, повраќање, тремор во рацете, тресење на мускулите и трнење во лицето, рацете и нозете.