Ајурведата не учи дека ,,се што постои во Универзумот може да се користи и како храна и како лек. Треба само да се знаат квалитетите и начинот на употреба,,. Треба да се зема храна која има спротивни квалитети од оние кои преовладуваат во нашето тело. Една од клучните работи во правилната исхрана е тоа дека оброкот треба да ги содржи сите пет вкусови. Зошто е тоа така, најдобро ќе се види и разбере кога ќе го разгледаме делувањето на секој вкус врз системот ум – тело.

Делување на слаткиот вкус

Храната и лековите кои имаат сладок вкус се поволни за телото и како такви придонесуваат за пораст на хранливата плазма, крвта, мускулите, салото, семето и за долговечност. Тие делуваат смирувачки врз сетилните органи. Даваат сила, глас, добра кожа и добар изглед и делуваат против отровите во организмот, смируваат, придонесуваат за стабилноста и лекуваат исцрпеност и туберкулоза. Добри се за носот, устата, грлото, усните, јазикот и ги лекуваат нападите. Масни се, студени и тешки.

И покрај сите овие добри својства, ако се користат исклучиво и претерано, предизвикуваат дебелеење, мрзеливост, поспаност, губење на апетитот, чувство на тежина, слабо варење, кашлица, отежнато мокрење, губење на гласот, слоновска болест, настинка, мрзливи црева, треска, запек, мачнина, скрофулоза, фарингитис, болести на крвните садови и конјуктивитис.

Делување на киселиот вкус

Лековите и храната со кисел вкус го појачуваат вкусот на храната, поттикнуваат на глад, го хранат и оживуваат телото, ги зајакнуваат сетилните органи, го будат духот, го хранат срцето, даваат сила, помагаат во џвакањето на храната преку нејзиното влажнење, и за нејзиното подобро варење. Тие се лесни, освежителни, топли и мрсни.

Сепак, ако се користат претерано и исклучиво, предизвикуваат жед, болна чувствителност на забите, го зголемуваат крвниот притисок, го намалуваат мускулното ткиво. Покрај загревачкит својства, ие предизвикуваат гноење на раните предизвикани од повреди, каснувања и изгореници, создаваат отрови во урината, воспаленијата во грлото, градите и во пределот на срцето.

Делување на солениот вкус

Лековите и храната со солен вкус помагаат да се ослободат гасовите, помагаат во варењето. Тие се остри, лекуваат грчеви, чистат, предизвикуваат лачење на плунката, им даваат мекост на телесните органи, отстрануваат блокади и даваат добар вкус на храната. Материите со солен вкус не се премногу тешки, ни премногу мрсни и топли.

Ако се користат претерано, доведуваат до нарушувања во крвта, лупење на кожата, отпуштање на мускулното ткиво, жед, вртоглавица, разни кожни болести, пукање на чиревите, паѓање на забите, се намалува машкоста, ќелавост и белење на косата. Исто така доведуваат и до крварења од разни делови од телото, блокада на сетилата, кисела диспепсија, акутни болести на кожата, гихт и др.

Делување на лутиот вкус

Храната и лековите со лут вкус ја одржуваат чистотата на устата, го засилуваат варењето и помагаат за впивање на храната, лекуваат болести како хрoничен конјуктивитис, мрзливи црева, помагаат да се излачат налепените отпадни материи, лекуваат чешање, ги убиваат вирусите, ги разбиваат крвните згрутчувања и го подобруваат вкусот на храната.

Но, нивното претерано користење ја убива машкоста, доведуваат до вртоглавица, астма, слабост, замор, печење во грлото, создаваат голема топлина и жед и ја намалуваат силата.

Делување на горчливиот вкус

Храната и лековите сами по себе немаат пријатен вкус, но додадени во други намирници го поттикнуваат сетилото за вкус. Имаат противоспалително делување и ги убиваат бактериите. Лекуваат вртоглавица, чешање, треска, упорни кожни болести и ја намалуваат жедта. Ги затегаат кожата и мускулите, ослободуваат од гасови, ги намалуваат мастите. Тие се суви, студени и силни.

Сепак, нивното претерано користење доведува до намалување на хранливата плазма, слабеење, доведуваат до замор, вртоглавица, сува уста и други болести.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина