Ставот на јавноста кон здравјето и фитнесот постојано се менува. Во денешно време, луѓето настојуваат да бидат во склад со своето тело и тргаат по еден сеопфатен метод на вежбање кој ќе исполнува разни потреби. Од јавните личности ди врвните спортисти некој некаде уште сега го испробува овој ефикасен начин на вежбање. Всушност, фитнес центрите и сопствениците на теретани го увидуваат огромниот интерес за пилатес и се повеќе го вклучуваат во репертоарите на своите програми.
Пилатесот е пофин, понежен вид на вежбање за вашето тело, кое ги гарантира сите позитивни ефекти од тренинг со примена на сила. Во исто време, пилатесот помага да се изградат силни, здрави мускули, го подобрува протокот на крвта и ги ангажира сите мускули во вистинскиот момент, со што детално го вежбате телото за оптимална телесна кондиција. Како вежба, пилатесот е интересен и привлечен за еден новајлија во теретаната, бидејќи опфаќа разновидни можности. Посебен репертоар е достапен на спортските фанатици кои сакаат да ја подобрат општата сила, на елитните атлети кои сакаат да ја подобрат општата подготвеност, на новопечените мајки кои сакаат да се вратат во форма по породувањето и на возрасните кои едноставно сакаат наутро полесно да станат од кревет. Секој вежбач, од училишна возраст до зрела возраст, може да ужива во плодовите на овој вид вежбање – а во исто време да има одличен тренинг.

pilates-trening1

 

Пилатес за секој вежбач

Луѓето конечно почнуваат да сфаќаат дека грижата и негата за телото, умот и душата се неопходни за подолг и посреќен живот. Додека различни форми на вежбање, како на пример крос, сплит или кружен тренинг, групни програми или индивидуални тренинзи се дел од режимот на вежбање кај повеќето луѓе, пилатесот се повеќе станува избор на посетителите на теретани, бидејќи не подразбира старосни граници, ниту бара одредена подготвеност. Пилатесот е прилагодлив. Како фитнес ентузијаст, добро знаете колку е важна физичката подготвеност за вашата општа благосостојба. Со порастот на дебелеењето и се поголемото уживање во брзата храна, вежбањето и внимателноста стануваат интегрален дел од нашите животи. Ако сакате да го дополните својот режим на вежбање со цел да го подобрите општиот тонус и да вклучите движења кои ќе ве зацврстат и кои ќе влијаат на вашите внатрешни телесни механизми, тогаш пилатесот е идеален за вас.
Со оглед на тоа што основата на пилатесот е правилното држење на телото, силата на централниот дел на телото, стабилноста и подвижноста на периферните делови (рацете и нозете), повеќето од пилатес вежбите започнуваат од лежечка или седечка положба. Можат да започнат со едноставни вежби, кои се фокусираат на длабоко, ефикасно и внимателно вежбање. Идејата дека треба да се концентрираме на она што го прави телото, може да ни донесе огромен напредок. Разновидоноста на вежбите, како и можноста за нивно модифицирање, му дозволува на професионалецот да цели кон одреден мускул или одредена мускулна група. Со менување на аголот или силата на отпорот, можете прецизно да се фокусирате на повреда. А специјално дизајнираната опрема за пилатес може да ви ги олесни овие адаптации. Реформерот во основа е првата справа на која инструкторите за пилатес се посветуваат за вежби за обликување на телото. Оваа справа е поинаква од типичните степери, велосипеди и ленти – реформер е осмислен да ги потпомогне специфичните движења во пилатесот и да ја подобри општата поврзаност на умот со телото. Таа исто така помага за создавање на витки мускули без зголемување на мускулната маса.
Вежбачите на пилатес можат да вежбаат на мат простирка или на посебно прилагодена опрема.

Тренинг за цел живот

Кога се применува како програма за зајакнување на телото, пилатес може да ве зачува од повреди, да ја зголеми ефикасноста и да ви помогне да ,,се вратите во игра,,. Тој во исто време бара моторна контрола, издржливот и свитливост. И, додека повеќето вежби од ваков тип бараат повторување на вежбите со големи тежини и со малку кинестетички реакции, пилатесот се фокусира на најмал број повторувања и на прецизно контролирани движења. Затоа е погоден за сите и може да ви ја подобри секојдневната дневна рутина за десет пати.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина