Кој ќе знае подобро од вас самите? Сами знаете дали го сакате спортот или не и кои вежби вам ви одговараат најдобро. Ако правите вежби кои се спротивни на вашите карактерни особини, тоа може лошо да влијае на вашата самодоверба, тврди професорот Кен Фокс од Универзитетот во Бристол.

Агресивен тип

Кариерата ви е на прво место. Не сакате спортови кои бараат тимска работа, бидејќи во нив не можете да доминирате. Авантуристи сте по природа, па сакате необични активности. Планинарењето е одличен избор за вас, бидејќи ќе ви ја подобри физичката сила и издржливоста, а единствен ваш противник во овој спорт е природата. Тоа за вас е најголем предизвик. Исто така, би ви одговарало и трчање.

Интровертен тип

Најдобро се чувствувате со луѓето кои најдобро ги познавате. Затоа на вас ви одговараат тимски спортови. Меѓутоа, за да ја победите својата срамежливост, експертите препорачуваат да започнете да вежбате гимнастика. Тоа ќе ви помогне во смисла на тоа да се стекнете со поголема самодоверба, а истовремено ќе го обликувате своето тело и ќе си го збогатите духот.

vezbikarakter_naslovna

Нарцис

Вие сте перфекциониста со вишок на самодоверба. Водите сметка за вашето тело и важно ви е да сте најдобри во се што правите. Изберете спорт кој не подразира само обликување на телото, идеално би ви одговарало пешачење и возење велосипед. Овие спортови ќе ви ја зголемат физчката кондиција и координацијата во држењето на телото.

Немотивиран тип

Вие сте мрзеливи, но секогаш и ви недостасува и енергија. За да почнете, изберете некој тимски, групен спорт, во кој покрај што ќе вежбате, ќе уживате во дружбата со за вас драги луѓе. Кога ќе ве мрзи да го напуштите домот, тие ќе ве мотивираат сепак да дојдете на тренинг и да бидете активни.