Со Трајче се запознавме минатата година во Октомври месец. Дојде со многу амбиции и со една цел, да стане бодибилдинг шампион во неговата категорија (јуниори). Нашата средба беше исполнета со тоа како може да се оптимизира неговата исхрана, дали ги знае основните вежби и како најдобро да ги изведе истите.

Еве како изгледаше тој кога почна да вежба. 64 кг со 12 % телесни масти, можеби добро за моментот, но двајцата знаевме дека можеме уште подобро.

trajce1q

 

 

После нашата прва консултација ние направивме програма за вежбање и исхрана и заедно се консултиравме на месечна база. Целта што ја дадовме беше да стигнеме до 69 кг за 6 месеци и да што е можно повеќе да кренеме на бенч, мртво кревање и чучњеви при тоа да се зачува формата но да се добие на сила. Тоа е најголемата грешка на почетниците тоа што премногу се фокусираат на изолациски вежби а не на комплексни вежби. Еве наша програма што можете да ја пробате и да добиете солидни резултати.

Ја вежбавме програмата DUP можете да ја пребарате и да видите за што се работи, многу од моите клиенти ја вежбаат и имаат солидни резултати. И од сето тоа стигнавме до овие резултати.

69 кг со 12 % телесни масти.

trajce3

 

После тој период решивме да ја промениме малце програмата и да се вежба 3-4 пати неделно со максимално фокусирање на хипертрофија и помалце фокусирање на тежината, повеќе на ефективно изведување на вежбата и високи повторувања со мали паузи.

Резултатот од сето тоа се гледа во неговата трансформација.

trajce1

 

Сакам исто да му се заблагодарам на неговата доверба и за тоа што е послушен клиент и нашата соработка не продолжува само тука. Можете да го следите него и нас на неговата фан страна Трајче Мицевски. Ако и вие сакате да ни бидете наш клиент пишете ни на нашиот фб сајт.