Цел живот учиме, па од тука учењето има важна улога во нашиот живот. Општо прифатено е верувањето дека учењето се случува само кога некој е мирен, тив и сконцентриран на одредена интелектуална активност. Заблуда е дека умот и телото се одделени и дека движењето нема врска со менталните способности. Напротив, едноставните физички активности кои бараат малку време и кои не зависат од технички помагала, можат да бидат многу корисни за нашето ментално здравје.

Имено, за нашиот мозок да може да научи нешто, да мисли и да заклучува потребни му се другите делови од телото, кои му ги собираат информациите. Истражувањата потврдуваат дека, без разлика на животната возраст на поединецот, со движење се активираат одредени регии во мозокот кои се важни за учењето и на тој начин се искористуваат сите капацитети на телото и умот. Поточно, со хармонизирање на деловите од телото и умот се подобруваат моторичките способности, концентрацијата, помнењето, читањето, пишувањето, јазичните и математичките вештини, а се намалуваат стресот и напнатоста.

Мозокот се состои од две полутопки (хемисфери), а секоја од нив комуницира со спротивната страна од телото. Со левата рака управува десната мозочна полутопка, со десната рака – левата полутопка. Информациите од левото уво одат во десната полутопка и обратно. Поврзувањето на информациите од едната и од другата полутопка е заедничка работа на мозокот и другите делови од телото. Затоа, вежбите за хармониизрање на работата на телото и мозокот придонесуваат за наша телесна и ментална добробит. Ова се неколку едноставни вежби кои помагата во тоа.

 

Масирање со прстите

 

 

Ставете го палецот и средниот прст од едната рака под клучната коска , a дланката од другата рака на стомакот . Масирајте го нежно делот кој се наоѓа лево и десно од градната коска две минути и истовремено со средината од прстите од другата рака масирајте го стомакот со мали кружни движења. Заменете ги рацете . Точките од телото кои ги допирате со палецот и средниот прст се сместени точно на местото каде се разгрануваат артериите кои доведуваат крв во мозокот. Со нивно масирање ќе ги опуштите мускулите сместени околу артериите и со тоа ќе ја зголемите количината на кислород која доаѓа до мозокот и ќе влијаете врз нормализирањето на крвниот притисок.

 

Вкрстено чекорење

 

 

Чекорете во место наизменично допирајќи го левото колено со десниот лакт  и со левиот лакт десното колено. Повторувајте ја оваа вежба две-три минути . Со вкрстеното чекорење ќе го подобрите учењето, помнењето, читањето и тлесната координација, a со нејзиното бавно изведување се усовршува способноста за оддржување на рамнотежата.

 

Допирање на стапалата

 

 

Испружете ја десната рака пред себе додека полека се веднете  и со прстите од десната рака допрете ги прстите на левото стапало . Во исто време обидете се да ја подигнете левата рака во вис, држејќи ја колку што може поисправена. Истото повторете го и со левата рака . Повторувајте ја оваа вежба две минути со брз ритам, наизменично допирајќи ги стапалата со прстите од рацете. На овој начин ќе го зголемите нивото на енергијата и ќе го опуштите средишниот нервен систем.

 

Опуштање на вратот

 

 

Ставете ја десната рака на мускулот на левото рамо и силно стиснете го . Вдишете длабоко. Полека издишувајќи свртете ја главата преку десното рамо. Повторно вдишете, враќајќи ја главата во средишната положба. Истата положба повторете ја и со левата рака. Вежбајќи на овој начин две-три минути ќе ја намалите напнатоста во мускулите на вратот и рамењата и ќе ја подобрите концентрацијата.

 

Опуштање на телото и умот

 

 

Испружете ги рацете, прекрстете ги на ниво на зглобовите  испреплетете ги прстите ), провлечете ги од долната страна на градите  и потпрете ги на градите . Прекрстете ги нозете во ниво на скочните зглобови  и дишете длабоко. Оваа вежба ја јакне самодовербата, а во траење од две минути со затворени очи, го намалува стресот.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина