Состојки:

 

  •  1 главица салата марула
  • 180 гр. свеж спанаќ
  • 4 листови кељ
  • 1 круша,
  • 1/2 филџан суво грозје
  • 1 филџан чери домати
  • 1 главица кромид
  • 4 помали пиперки
  • 1 филџан истрошено фета сирење
  • 1 авокадо
  • 1/2 филџан пропржени бадеми

 

За прелив:

 

  • 1/2 филџан екстра девствено маслиново масло, 1/2 филџан сок од лимон, 1/2 филџан вински оцет, 1/4 филџан дижон сенф, 4 чешниња лук, сол и црн пипер.

 

 

 

Подготовка:

Салата

Наредете ги исечканите листови марула заедно со кељот и спанаќот на голем подавалник или во поплиток сад за салата. Одозгора додадете ги сецканата круша. Доматите исечени на половина, сувото грозје, иситнетиот кромид, пиперките исечени на коцки, изробеното фета сирење, исеченото на коцки авокадо и бадемите.

Прелив

Измешајто го маслото, сокот од лимон, оцетот, сенфот и лукот во една чинија и матете додека не добиете мазна смеса. Ставете сол и црн пипер и прелијте ја салатата со овој прелив. Оставете ја да отстои 10 минути во фрижидер за да се олади, па послужете ја потоа.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина