Оние жени кои не сакаат да носат брусхалтер сега имаат и научно оправдание за таквиот избор. Имено, истражувањето спроведено на Универзитетот Франч – Комте покажало дека носењето на градник нема никаква полза и само штети. Сепак, денес индустријата за долна облека е исклучително профитабилна и остварува повеќе од 11 милијарди долари приход годишно.
Резултатите од истражувањето можеби се интригантни и предизвикуваат полемики, но без сомнение Американките набрзо ќе ги фрлат градниците. Во истражувањето учествувале 330 жени, на возраст од 18 до 35 години. Се покажало дека носењето градник од пубертетот ги нема оние позитивни ефекти кои досега му се припишуваа, односно дека не ги подига градите, не ја намалува болката во грбот и не го спречува предвременото опуштање на градите.

Медицински, физиолошки и анатомски градите немаат никаква полза од тоа што со градникот и пркосат на гравитацијата. Напротив, токму поради брусалтерот стануваат поопуштени. Оние жени кои низ петнаесетгодишно спроведување на истражувањата не носеле брусхалтер, на крајот од истражувањата имале гради кои биле за седум сантиметри повеќе подигнати во однос на оние кои за сето тоа време го носеле. Младите жени кои не носат брусхалтер со самото тоа го поттикнуваат призводството на колаген и еластин, што ги подига градите во текот на нивниот развој. На листата на негативни последици од носењето градник е и таа што ја попречува циркулацијата. Пред да се појават резултатите од истражувањето, голем број жени веќе го офрлиле носењето градник. Значаен бој од нив се ѕвезди од светскиот шоубизнис.

После се, на градникот не може да му се оспори едно нешто – тој нависитна ги држи градите на едно место и спречува низа непријатни ситуации, во кои нашите гради без него би можеле да ,,излезат во јавноста,,.Посебно им помага на жените со големи гради, но од друга страна и ги ограничува нашите движења.

Покрај се, со години наназад постои уверувањето дека носењето градник доведува до појава на рак на дојките, поради тоа што неговото константно носење ја спречува елиминацијата на токсините од лимфниот систем. Во една студија која неодамна ја има спроведено Центарот за истражување на рак во Сиетл, САД, учествувале повеќе од илјада жени кај кои е дијагностициран рак помеѓу 200 и 2004 година. Нивниот главен аргумент бил фактот дека ракот на дојката е позастапен кај жените од западната култура, за разлика од општествата во кои не е вообичаено да се носат градници. На крај, се докажало дека градниците сепак не предизвикуваат рак. Без разлика на тоа колку часови просечно жените носеле градник, на која возраст почнале да го носат и каков тип на градник, ризикот е ист.

Истражувачите не биле ни малку изненадени од овој резултат, бидејќи и пред истражувањето претпоставувале дека врските се минимални. Сепак, решиле да го направат истражувањето поради тоа то никогаш дотогаш не било направено истражување на таа тема, а на жените им било многу важно.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина